Неделен хороскоп од 23 до 29 мај: Кои хороскопски знаци ги очекува среќа во љубовта и кариерата? - Part 2

Неделен хороскоп од 23 до 29 мај: Кои хороскопски знаци ги очекува среќа во љубовта и кариерата?

Вага

Во следните неколку дена ќе размислувате за тоа како љубовта ви е недостижна. За некои од вас тоа ќе биде точно со оглед на моменталното отсуство на саканата личност. Ваквата ситуација ќе доведе и до зголемување на копнежот, но и засилување на чувството на осаменост. Во поглед на кариерата, ќе можете да се потпрете на претходните резултати, но имајте на ум дека морате да продолжите чекор напред доколку сакате професионален напредок.

Неделен хороскоп од 23 до 29 мај: Кои хороскопски знаци ги очекува среќа во љубовта и кариерата?

Скорпија

Подготвени сте да се борите докрај за саканата личност. Доколку, пак, сè уште барате сродна душа, бидете свесни дека само упорноста може да даде резултати. Од друга страна, ве очекуваат нови ангажмани и обврски на работното место, а доста активни ќе бидат и оние кои бараат работа.

Стрелец

Ви претстои интересен љубовен период кој ќе трае целата недела. Пред вас се искуства кои ќе го збогатат вашиот приватен живот. Доколку не сте во врска, пак, ќе наидете на многу додворувачи. Што се однесува до работата, следните денови ќе ги поминете во планирање за новите проекти, а некои од вас ќе бидат на годишен одмор. Нови предизвици ги очекуваат оние кои ќе продолжат да работат. Доволно е да не се откажуваат од своите замисли и да не дозволат тоа да им влијае врз расположението.

Јарец

Вашите љубовни соништа ќе бидат поинакви од реалноста, но и реалноста нема да биде лоша. Затоа, некои од вас ќе претпочитаат да го поминуваат времето гледајќи љубовни филмови. Ќе има и такви кои ќе го почувствуваат шармот на платонската љубовна врска. Во поглед на работата, време е да се позанимавате со незавршените обврски. Некои од нив ќе ви предизвикаат чувство на бес или гнев, но внимавајте да не донесете непромислени одлуки.

Водолија

Вашите сомнежи ќе придонесат за вашата незаинтересираност во поглед на љубовта. Доколку сте во врска, ќе забележите дека сте се оддалечиле од партнерот и тоа без вистинска причина. Размислете зошто е тоа така. На работа ќе зрачите со посебна енергија и убедливост, а преку нив ќе влијаете и врз другите. Покажете што знаете и не се откажувајте додека не ја постигнете целта.

Риби

Вашата самодоверба ќе биде голема, а енергијата со која ќе зрачите во текот на следните денови нема да остави никого рамнодушен. Во поглед на кариерата, имате идеја за работата што треба да се заврши па затоа ќе вложите голем напор за да ја реализирате. Во меѓувреме ќе почнете и со нови инцијативи кои можеби нема веднаш да ги дадат посакуваните резултати, но тие ќе ве насочат на вистинскиот пат.

Откако го прочитавте неделниот хороскоп, можеби ќе сакате да прочитате и кои 3 хороскопски знаци во мај ќе доживеат кармичка љубов.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар