Неделен хороскоп од 22 до 28 мај: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Неделен хороскоп од 22 до 28 мај: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Оваа недела нè очекуваат моменти на акција со оглед на тоа дека особено ќе биде влијателна енергијата на Марс. Ова е исто така и прва недела од сезоната на Близнаци, поради што многумина од нас се чувствуваат како летото навистина да започнало. Ќе се чувствуваме оптимисти бидејќи можеме да ги видиме почетните фази на нашите „големи планови“ за летото. Еве како ѕвездите ќе им влијаат на хороскопските знаци оваа недела.

Неделен хороскоп од 22 до 28 мај: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Овен

Време е да стапите во акција бидејќи едноставно не можете да се видите себеси како седите со скрстени раце . Имате работи кои сакате да ги споделите со другите и полни сте со енергија. Меѓу другото, вашите природни лидерски вештини ќе дојдат до израз оваа недела.

Бик

Оваа недела сте во движење, а тоа може да значи дека ќе патувате, но може да значи и искачување по скалилата во кариерата. Не дозволувате ништо да ви застане на патот во текот на неделата бидејќи конечно откривте во која насока сакате да се движите. Издржливоста и креативноста ќе ви помогнат да се фокусирате на вашите цели и визии.

Близнаци

Можеби е роденденска сезона или можеби едноставно се чувствувате добро бидејќи ја имате целата таа енергија на Марс навидум „на ваша страна“, но ќе се чувствувате одлично оваа недела. Со гордост ќе погледнете кон вашите неодамнешни достигнувања, а сознанието дека ВИЕ го направивте тоа дополнително ќе ве мотивира.

Рак

Оваа недела ќе размислувате за вашите успеси. Ќе сфатите што е она што ви е потребно за да ги постигнете посакуваните цели. Сепак, не сфаќајте ги премногу сериозно работите во текот на оваа недела и обидете се да се одморите од токсичните луѓе во вашата близина.

Лав

Ќе одлучите да почнете од почеток. Ова може да се однесува на одреден проект или целосна промена на животниот стил. Според астролозите, оваа недела ќе биде вистинското време за промена. Мора да го елиминирате она што повеќе не ви служи и не застанувајте додека не го добиете она што го посакувате. Искористете ја максимално енергијата на Марс.

Девица

Оваа недела ќе треба да направите одреден избор, а како резултат на тоа ќе се чувствувате неодлучни и збунети. Енергијата на Близнаците ќе ве натера да се чувствувате уште понеодлучно од вообичаено. За среќа, енергијата на Марс ќе ви помогне да го направите тоа што треба да го направите.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар