Неделен хороскоп од 14 до 20 февруари: Разбудете ја вашата романтична страна! - Part 2

Неделен хороскоп од 14 до 20 февруари: Разбудете ја вашата романтична страна!

Вага

Ви претстои прекрасна недела! Енергијата која ќе настане со спојот на Марс и Венера ќе ви помогне во кој било аспект од животот. Покрај тоа, полната Месечина ќе придонесе за финализирање на важен работен проект, или пак за добивање нови работни задачи кои можат да ви бидат „карта“ за унапредување.

Неделен хороскоп од 14 до 20 февруари: Разбудете ја вашата романтична страна!

Скорпија

Нова недела, нови можности! Ве очекуваат промени кои ќе придонесат за вашиот личен и професионален развој. Со влегувањето на Сонцето во знакот Риби пак, ќе им се препуштите на забавата и креативноста, при што ќе сфатите дека тие ви се неопходни кога станува збор за вашата продуктивност.

Стрелец

Според астролозите, можни се добри вести во поглед на домот, семејството или патувањето за кое одамна сонувавте. Покрај тоа, полната Месечина оваа недела ќе ги тестира вашето трпение, но и вербата во животот. Тоа ќе ве поттикне конечно да започнете да работите на своите планови што ќе придонесе да заблескате за краток период!

Јарец

Спојот на Венера и Марс ќе го направи вашиот љубовен живот уште позабавен и повозбудлив. Со влегувањето на Сонцето во Риби пак, ќе настапи период во кој ќе ги интензивирате односите со вашите деловни партнери што ќе придонесе за унапредување на вашата кариера, но и зацврстување на вашата финансиска состојба.

Водолија

Ве очекуваат добри вести во поглед на проширување на кругот на познанства што поволно ќе влијае врз вашиот професионален развој. Од друга страна, ќе морате да направите некакви промени со цел да задоволите нечии потреби. Влегувањето на Сонцето во Риби ќе придонесе за зголемување на вашата самодоверба.

Риби

Оваа недела е одличен момент за вмрежување и ширење на кругот на деловни познанства. Ќе бидете опкружени со луѓе кои ќе ви ја пружат сета потребна помош, без разлика за што и да станува збор. Не занемарувајте ги знаците, идеите и пораките на кои ќе наидете затоа што сите тие имаат посебно значење.

Откако го прочитавте неделниот хороскоп од 14 до 20 февруари, можеби ќе сакате да го прочитате и месечниот љубовен хороскоп за февруари 2022 година.

Извор: myimperfectlife.com


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар