Најголемите шанси за вашиот знак во февруари 2020: Ракот ќе има шанса да ја врати старата љубов, а Близнаците ќе добијат понуда за работа - Part 2

Најголемите шанси за вашиот знак во февруари 2020: Ракот ќе има шанса да ја врати старата љубов, а Близнаците ќе добијат понуда за работа

Девица

Вас ве очекува бурен почеток на месецот. Можеби ви се чини дека не ве ценат доволно на работа, па дури и не ве плаќаат доволно. Исто така, ситуацијата не е сјајна ниту со колегите, веќе подолго време не сте задоволни, па затоа сакате да го промените работното место. Во последната недела од месецот, ситуацијата ќе се подобри.

И на емотивен план сте незадоволни, дури и со пријателите имате проблеми поради чувството на пониска вредност.

Лицата кои се во брак или во долготрајни врски може да бидат фрустрирани од партнерот заради нивното незадоволство и депресија. Променете го расположението и однесувањето додека не биде предоцна.

Кога станува збор за здравјето, би било добро да направите неколку прегледи.

Вага

Ваги, вие имате премногу работа и обврски овој месец, но можете сè да постигнете затоа што сте физички способни, но сепак сте ментално исцрпени. Ви треба одмор и мир. Уште кон средината на месецот, ситуацијата ќе се смири, што ќе ви биде во прилог. Добро знаете дека со вашата напорна работа и планирање ќе постигнете сè што сакате.

Луѓето кои се во врска или брак сега може да се најдат во тешко искушение затоа што ќе се појави личност од минатото, а вие, заслепени од либидото и желбата за љубов, може да не одолеете. Може да ви се додворува и лице кое е веќе во врска. Дефинитивно е ваш изборот и одлуката, но бидете свесни за последиците.

Кога станува збор за здравјето, многу Ваги ќе имаат добро здравје, но сепак, можно е некои од нив да имаат некои проблеми со кожата и забите. Можни се дури и алергии.

Скорпија

Драга Скорпија, овој месец ќе започне со некои ситни проблеми, но вие ќе ги решите. Ќе следува понуда за добро работно место и деловна соработка. Без разлика што мислат другите за вас, вие добивате сè.

Бидејќи сте полни со доверба, некои луѓе може да ви бидат лути, па дури и љубоморни.

Скорпиите кои се во врска би можеле да го запостават својот партнер, а тоа може да предизвика љубомора, па можеби треба да одредите кои се вашите приоритети во животот и да се соочите со љубомората.

Кога станува збор за здравјето, вие сте доста силни, но поради исцрпеност и недостаток на сон ви треба одмор и зајакнување на имунитетот.

Стрелец

Вие Стрелци, овој месец ќе бидете многу комуникативни и сите приходи ќе ги остварите преку комуникација. Во втората половина од месецот, треба да се погрижите за вашите трошоци. Можеби треба нешто и да заштедите.

Ако сте во врска, тогаш треба да бидете малку поактивни. Вашиот партнер нема да се буни ако преземете некоја иницијатива на љубовен план.

Повеќето Стрелци се во добра здравствена состојба и треба само да бидат физички поактивни додека хроничните пациенти треба да внимаваат на вирусите и на нивната исхрана.

Јарец

За вас, драги Јареци, сè е во вообичаениот духовен и емотивен тек. Овој период ќе се истакнете со вашата ментална сила.

Многуте планети кои моментално се наоѓаат во вашиот знак ќе ви дадат огромна самодоверба и сила да остварите сè што сте замислиле. Од средината на месецот, Марс влегува во вашиот знак, што ќе ви даде дополнителна енергија да се борите и да ги исполните вашите желби.

Емотивно сакате сè да биде стабилно, па затоа посветете му се на партнерот наместо да бирате слобода и самотија. Оние кои се сами не треба да прифатат „врска за една вечер“ затоа што таа нема ништо да им донесе. Многу успеси во љубовта и бизнисот зависат исклучиво од вашите емоции.

Кога станува збор за здравјето, треба малку да успорите и да си дозволите одмор, да јадете здраво и да земате дополнителни витамини.

Водолија

Драги Водолии, сè додека е по ваше, оди добро. Вашиот оптимизам и позитивност влијаат врз сите луѓе околу вас.

Имате многу работа, па заради тоа немате време за семејството и пријателите кои се чувствуваат запоставено. Обидете се да поминувате повеќе време со вашите најблиски, затоа што ќе имате уште повеќе работа до крајот на месецот. Водолиите кои имаат партнери, на емотивен план ќе се чувствуваат добро, хармонично и исполнето.

Некои слободни Водолии може да бидат расположени за флерт, но на крајот сепак да останат сами.

Кога станува збор за здравјето, ви недостасува физичка активност и вежбање, додека сè друго е прилично добро.

Риби

За вас, драги Риби, овој месец може да започне без никакви проблеми затоа што тие останаа во минатото и не се враќаат назад. Во однос на бизнисот и финансиите, сега не е време да се изложувате на непотребни трошоци бидејќи паричникот ви е полупразен.

Не е време да се инвестира во бизнис освен ако тој не ви гарантира приходи. Време е да заштедите некој денар.

Емоционално, по долгата осаменост, нешто ќе ја поттикне вашата потреба да бидете сакани, разгалени и згрижени во топла прегратка. Сето ова е изводливо ако веќе имате партнер, а доколку сте слободни тогаш дозволете му на лицето што ве сака да влезе во вашиот живот.

Кога станува збор за здравјето, треба да се земе предвид начинот на исхрана бидејќи може да се појават проблеми со стомакот поради дебелина. Хранете се здраво.

Можеби сакате да дознаете и којa песна треба да ја слушате на Денот на вљубените според вашиот хороскопски знак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар