На Ракот му треба интимност, на Стрлецот адреналин: Вака изгледа идеалниот одмор на секој хороскопски знак

На Ракот му треба интимност, на Стрлецот адреналин: Вака изгледа идеалниот одмор на секој хороскопски знак

Знаеме дека хороскопот има доста значајна улога во нашиот живот. Најнапред, тој ни служи за забава и релаксација, но и покрај тоа, според него можеме да откриеме доста интересни работи за нашата личност и карактер. Но, дали сте се запрашале како би требало да изгледа вашиот идеален одмор според вашиот хороскопски знак? Доколку станавте љубопитни, сега е време да дознаете.

1-na-rakot-mu-treba-intimnost-na-strlecot-adrenalin-vaka-izgleda-idealniot-odmor-na-sekoj-horoskopski-znak-www.kafepazua.mk_

1. Огнени знаци

Огнените знаци сакаат активно летување. Тие се секогаш во движење и никогаш не се смируваат. На нив не им е потребен одмор во класична смисла на зборот, туку адреналин и авантура.

Овенот е желен за адреналин и никогаш нема да му биде доста од физички активности. Тој својот одмор ќе го помине во спортски дух – ќе плива, ќе нурка, ќе скока во вода, ќе трча, ќе вози глисер или скутер. Во план може да дојдат и сите спортови на плажа, како што е на пример, одбојката.

Лавовите сакаат луксузни дестинации и многу внимаваат на својот изглед, па за патувањето ќе започнат да се спремаат барем неколку недели однапред. Тие ќе ги посетат сите продавници и попусти и ќе ги купат најновите и најмодерни парчиња облека и костими за капење.

Стрелците обожаваат патувања, авантури и големо друштво. Дури и на плажата ќе започнат да разговараат и да запознаваат нови луѓе.

2-na-rakot-mu-treba-intimnost-na-strlecot-adrenalin-vaka-izgleda-idealniot-odmor-na-sekoj-horoskopski-znak-www.kafepazua.mk_

2. Воздушни знаци

Воздушните знаци обожаваат друштво, исто како и Стрелците, со тоа што тие се и главни на социјалните мрежи, па ќе се фотографираат до изнемоштеност и сите фотографии од летувањето мора да се најдат на нивните социјални профили.

За Близнаците е важно големо друштво. И да се фотографираат и што побрзо да ги објават тие слики на својот профил. Исто така, важни им е дневната дискотека на плажа, забавите со пена и гласно пуштената музика.

Вагата го спремила својот најубав костим за капење, купила нови летни парчиња облека и се спремила за лежење и уживање на сонцето, на некоја кул дестинација. И да, се спремила за фотографирање. Летувањето на Вагата не може да помине без милион, мали селфи фотографии.

На Водолиите не им е важно фотографирањето, туку тие ја сакаат авантурата и да го истражуваат местото на кое што летуваат. Со сигурност тоа ќе бидат оригинални дестинации.

3-na-rakot-mu-treba-intimnost-na-strlecot-adrenalin-vaka-izgleda-idealniot-odmor-na-sekoj-horoskopski-znak-www.kafepazua.mk_

3. Земјени знаци

Оваа дружина и нема толку многу заедничко, иако имаат ист елемент – земја. Биковите, на пример ќе уживаат во храната, додека пак Девицата е вистински аскет.

Биковите се хедонисти и на нив им е важно на одморот добро да јадат, да уживаат во храната и со часови да се изложуваат на ладовина, на некоја удобна лежалка.

На Девиците им е важна уредноста и чистотата на плажата. Исто така, тие можат да работат и на одморот. Важно им е на плажата, во кафулето да има интернет, па ќе го понесат својот лаптоп и ќе ги завршат работите.

Јарецот паѓа во несвест при самата помисла на патување. А кога веќе ќе тргне, сака тивки и мирни плажи, бидејќи од летувањето му е потребно опуштање. Во потрага е по дестинации кои имаат историја.

4-na-rakot-mu-treba-intimnost-na-strlecot-adrenalin-vaka-izgleda-idealniot-odmor-na-sekoj-horoskopski-znak-www.kafepazua.mk_

4. Водни знаци

Помеѓу водната екипа на хороскопски знаци, Рибите, Раковите и Скорпиите, ќе ги пронајдете оние кои сакаат да се осамат и за кои летувањето е навистина одмор, во вистинска смисла на зборот.

Раковите сакаат романтичност. Потполно ќе се забават и ќе се препуштат на мрзливоста на плажа.

Скорпиите сакаат неистражени, атрактивни и опасни дестинации. Тие ќе уживаат во пливањето, а на копното ќе се сокриваат зад своите темни очила за сонце.

Рибите ја сакаат плажата – нечепната природа и не сакаат претерано да се изложуваат на сонце. Тие ќе бидат под својот омилен сламен шешир, во ладовина, со глава нурната во својата омилена љубовна книга, сонувајќи дека токму сега ќе се појави нивниот принц.

5-na-rakot-mu-treba-intimnost-na-strlecot-adrenalin-vaka-izgleda-idealniot-odmor-na-sekoj-horoskopski-znak-www.kafepazua.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар