На кој знак најмногу му завидуваат: Стрелецот на Бикот заради убавината, Лавот на Јарецот заради успехот

На кој знак најмногу му завидуваат: Стрелецот на Бикот заради убавината, Лавот на Јарецот заради успехот

Рибите ги иритира харизматичниот Лав затоа што е самосвесен, па му завидуваат за неговиот успех и гламурот кој го придружува каде и да оди. Ракот тајно им завидува на многумина, иако малкумина се оние кои се ситуирале подобро од него или избрале поуспешен партнер.

На кој знак најмногу му завидуваат: Стрелецот на Бикот заради убавината, Лавот на Јарецот заради успехот

Откријте и вие заради што би можеле да им завидувате на другите, според вашиот хороскопски знак.

Овен

Затоа што сте посесивни, љубоморни и нетрпеливи, вие најмногу ѝ завидувате на Девицата заради нејзината трпеливост и вроденото совршенство.

Но, во центарот на вашата отворена завист може да се најде и Јарецот, кој е подготвен да работи и вон границите на неговата издржливост, за да постигне професионален успех и социјално признавање, а и љубоморите и моќната Скорпија заради нејзината сигурност и доминација.

Бик

Успешни сте кога ја работите работата што ја сакате, „но тревата е позелена од другата страна на оградата“, па ѝ завидувате на Вагата заради популарноста, социјалните познанства и можностите што ѝ се укажуваат во врска со запознавањето странски контакти и патувањата.

Кон Стрелецот покажувате нетрпеливост затоа што успева да заработи пари на полесен начин и затоа што често патува.

Близнаци

Иако сте прилагодливи и снаодливи, ѝ завидувате на интуитивната Скорпија заради нејзината мистериозност и мудрост, така што, таа може да ве „чита како отворен буквар“. Додека вие едвај чекате да научите нешто од неа, таа ве држи во неизвесност.

На авторитетниот Јарец вие му завидувате на успехот и парите што може да ги заработи, затоа што е упорен и конзистентен, а тоа се особини што вие генерално не ги поседувате.

Рак

Иако генерално сте добро ситуирани, многумина од вас се тајно завидливи, иако малкумина поминале подобро од вас или избрале поуспешен партнер, особено ако сте жена.

Вие сте му љубоморни на авантуристичкиот Стрелец за дружељубивоста и способноста спонтано и отворено да ги искаже чувствата, а на комуникативната Водолија ѝ завидувате за социјалните контакти и леснотија со која ги воспоставува.

Лав

Вие ги почитувате оние кои ви се надредени во професијата, но љубомората, посесивноста и материјалистичкиот став управуваат со вас, па чувствувате завист кон вредниот Јарец, заради неговата амбициозност и упорност да успеете во сè што прави.

Вие сте иритирани од способноста на меланхоличните Риби да ги искажат своите емоции на романтичен начин, бидејќи вам тоа не ви успева.

Девица

Иако сте елоквентни и интелигентни, тешко ви оди ширењето познанства, а најчесто ѝ завидувате на шармантната Водолија заради популарноста и статусот во општеството, поради што таа е претежно посакуван и сегде поканет гостин.

Може, исто така, да почувствувате завист и кон Овенот, заради неговата вродена дрскост и леснотија со која воспоставува контакти, но и заради неговата упорност и конкурентскиот дух, особено во спортските активности.

Вага

Вие сте омилени сегде и познавате многу влијателни луѓе, но му се восхитувате и му завидувате заради упорноста на тврдоглавиот Бик кој секогаш успева да дојде до материјална корист од која било работа.

На флексибилните Риби можете да им завидувате заради нивната способност лесно, без срам и скандалозност, да се справат со секоја непријатна ситуација на работа.

Скорпија

Вие сте моќни и креативни, па малкумина може да ве надминат кога сте фокусирани на целта. Но, веројатно чувствувате завист кон Овенот заради неговата виталност и динамика.

Може да му завидувате и на непостојаните Близнаци заради површноста, затоа што најмногу ве преокупира сопствената систематска посветеност на сè што правите и длабочината на вашите чувства.

Стрелец

Иако се сметате за еден од најсреќните знаци, можеби му завидувате на Бикот заради неговата убавина и физички изглед, како и заради неговиот деловен и материјален статус.

Може да му завидувате и на Ракот затоа што има мирен, добро организиран семеен живот и семејно опкружување што вам ви изгледа толку неостварливо поради вашиот деловен хаос.

Јарец

Ја сакате правдата и сте строги, затоа им завидувате на оние кои „не мрдаат со прст“, а имаат многу повеќе отколку што заслужуваат. Вие сте преосетливи и им завидувате на непостојаните Близнаци, заради нивната површност и начинот на кој тие лесно ги забораваат или ги надминуваат лошите нешта што им се случуваат во животот.

Му завидете и на огнениот Лав заради начинот на кој ја покажува својата страст, бидејќи вие не умеете да се прикажете во такво светло.

Водолија

Не сте толку завидливи кога некој е поуспешен или побогат од вас, колку што станувате свесни за вашата непостојаност, со која не можете да се справите. Затоа, му завидувате на семејниот живот на Ракот во кој тој навистина ужива.

И покрај тоа што чувствувате, никогаш нема отворено да ја искажете зависта кон Девицата заради нејзината смелост да донесе смели одлуки и да истрае во сè.

Риби

Иако сте прилагодливи и можете да излезете од „калта“ во која сте влегле, вие сте малку несигурни во себе и може да ѝ завидувате на шармантната Вага поради нејзината популарност и привлечниот изглед.

Харизматичниот Лав ве нервира затоа што е самосвесен, а му завидувате и заради успехот и гламурот што го придружува каде и да оди.

Можеби сакате да откриете и за што секој хороскопски знак не треба да размислува за време на празниците?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар