Љубовен хороскоп за јули 2022 година: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Љубовен хороскоп за јули 2022 година: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Еве што ни предвидуваат астролозите за јули во поглед на љубовта!

Љубовен хороскоп за јули 2022 година: Кои ќе бидат најсреќните хороскопски знаци?

Овен

Овој месец ќе имате можност да поминете повеќе време со партнерот, па затоа обидете се максимално да уживате во сите заеднички моменти. Доколку не сте во врска, ѕвездите нема да ви бидат наклонети во поглед на љубовта. Сепак, не грижете се бидејќи ќе ви треба повеќе време за да сфатите што е тоа го посакувате во животот. Освен тоа, посветете си повеќе време за себеси и не обидувајте се да ги менувате луѓето околу вас.

Бик

Покажете му на партнерот колку многу ви значи преку романтични гестови. Запомнете дека никогаш не треба да ја запоставувате романтиката. Освен тоа, внимавајте и на изборот на зборови за да не го повредите партнерот. Тоа ќе ви помогне и да станете повешти при пренесувањето на вашите идеи. Меѓу другото, Венера од 18 до 27 јули ќе ве зближи уште повеќе со саканата личност.

Близнаци

Венера ќе ви помогне да ги исполните вашите желби и аспирации. Благодарение на нејзината енергија ќе можете да ги смирите недоразбирањата во врската, но не дозволувајте проблемите на работа да ви се мешаат во приватниот живот. Комуникацијата е еден од клучните елементи во врската, па затоа научете како да комуницирате со партнерот во однос на вашите чувства и емоции.

Рак

И покрај тоа што ќе бидете полни со идеи и планови, сепак јули нема да биде поволен период за вашата врска. Фактот дека не се согласувате со партнерот за многу прашања ќе ви создава проблеми. Затоа, астролозите ви препорачуваат да се потрудите и да најдете компромис за да ги решите недоразбирањата. Освен тоа, тие ви препорачуваат да истражете и нови идеи кога станува збор за уживање во интимноста со вашиот партнер.

Лав

Овој месец им претстои ризик од раскинување на врските во кои подолго време нема интимност. Можеби сè уште го сакате партнерот, но не ја добивате истата љубов за возврат. Сепак, ова ќе биде поволен период за оние парови кои сакаат да ја зајакнат романтиката и страста под влијанието на Венера од 9 до 18 јули.

Девица

Овој месец вие и вашиот партнер ќе имате можност да отидете на одмор и да уживате во меѓусебното друштво. Искористете го ова време за подобро да се разберете еден со друг. Освен тоа, романтичните гестови ќе ви помогнат да сфатите што сакате. Доколку не сте во врска, бидете трпеливи и покажете разбирање кон другите – на тој начин ќе ја пронајдете вистинската љубов.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар