Лав и девица – љубовна комбинација

Лав и девица – љубовна комбинација

Кога лав и девица ќе стапат во љубовна врска, отпрвин може да мислат дека немаат ништо заедничко и немаат што да научат еден од друг. Но, на нивната љубовна врска ù треба повеќе време за да се развие. Лавот е екстравертен, доминантен, шармантен и честопати многу нетрпелив. Девицата е вредна, внимателна и повлечена. И покрај тоа што имаат различна природа, лавот и девицата се одличен љубовен пар.Лав и девица – љубовна комбинацијаНа почетокот од нивната врска, лавот и девицата можеби ќе ги забележуваат само маните на нивниот партнер. Лавот може да се однесува деспотски, а девицата премногу да критикува. Но, кога овие двајца ќе престанат само да бараат мани во карактерот на нивниот партнер и ќе почнат да ги забележуваат позитивните особини, ќе забележат дека помеѓу нив постои силна меѓусебна привлечност. Лавот може да ù покаже на девицата како да се забавува и да ужива во својот живот, како и да ја запознае со поимот спонтаност, кој честопати недостасува во животот на девицата. Исто така може да ја научи како да биде помалку критична кон другите луѓе. Таа пак, од своја страна, го подучува лавот да биде потрпелив и како паметно да ја канализира неговата интелигенција. Лавот може ќе си мисли дека девицата е премногу претпазлива и секогаш ги гледа работите со широко отворени очи, но нема да ù го замерува тоа. Девицата пак, може да смета дека лавот на моменти се однесува премногу себично, но таа може да го научи како да стане почувствителен и пообѕирен кон чувствата и потребите на другите.

Лавот е управуван од Сонцето, а девицата од Меркур. Лавот, исто како Сонцето испушта топлина и светлина секаде каде што ќе зачекори и очекува сите да му бидат потчинети и да се благодарни што ја имаат честа да бидат во негово друштво. Девицата пак, секогаш успева да допре до срцата на другите луѓе. Таа е внимателна и секогаш претпазливо ги анализира сите детали пред да се посвети кон остварување на некаква цел. Двајцата партнери треба да си дадат себеси повеќе време, за да можат да ја увидат вредноста и корисноста од пристапот кон животот, кој го има нивниот партнер.

Лавот импулсивно почнува нови проекти без да застане да помисли која е неговата мотивација за таа работа. Девицата од друга страна, има попрактичен пристап кон работите. Таа секогаш се грижи за резултатите кои ќе произлезат од трудот кој го вложила во нешто, а лавот едноставно си тера напред кон својата цел, без да се заморува со последиците од тоа.

Девицата сака да поминува многу часови во работа. Многу е вредна и сака да може да се подели себе на многу делови, за да може да работи повеќе нешта истовремено. Лавот пак, ужива да биде во менаџерска улога на некој проект и да им доделува работна улога на учесниците. Лавот и девицата немаат потреба да докажуваат кој е „поглавниот“ во нивната врска, а тоа им скратува многу непотребни расправии.

Најдобриот аспект од љубовната комбинација лав и девица е нивната ефикасност како пар. Лавот настојува да го привлече вниманието кон себе и да добие почит од другите луѓе, на начин што успева да го разбуди „социјалниот ѕвер“ во нив, демонстрирајќи им нови и интересни идеи, кои потекнуваат од неговата желба  за  забава и возбуда. Девицата е вредната пчеличка, која работи „зад сцената“, закажува состаноци и ги следи сите детали, за кои лавот изгубил интерес да ги забележува. Нивните карактери се спротивставени на толку многу начини, но токму тоа ги прави овие партнери високо компатибилни.
———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

[23:17:19] Криста: Лавот настојува да го привлече вниманието кон себе и да добие почит од другите луѓе, на начин што успева да го разбуди „социјалниот ѕвер“ во нив, демонстрирајќи им нови и интересни идеи, кои потекнуваат од неговата желба  за  забава и возбуда.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

  1. Grazia Reply

    nisto zaednicko nemaat ovie dva znaka, pogotovo ako mazot e devica, a zenata lavica na koja i treba sirocina vo sekoj pogled, a devicata za zal, e stisnata i vo emociite i vo zivotot, voopsto. Ttazna, monotona, bespesrpektivna vrska koja iako se ostvari, osudena bi bila na nerazbiranje, netrpelivost, nervoza. Mazot devica ne e za lavica vo niedna kombinacija.

  2. Tanja Reply

    sosema se soglasuvam Grazia

  3. Malla. Reply

    Ne mora da znachi , ja sum lavica a dechko mi e devica i super se slozhuvame ! :):):):)

  4. Lavica Reply

    Nema vrska.Jas sum lavica a dechko mi e devica i odime godina i 5 meseci i prekrasno ni e 🙂

  5. Devica Reply

    Seto toa sto bese napisano e vistina.
    Jas sum devica a decko mi lav i navistina na pocetokot imavme teskotii da se razbereme, a sega ni e super!

  6. Sata Reply

    Moze li da objavite za ovie dva znaka za prijatelska vrska:)

    • Кафе пауза Reply

      Да, да ќе објавиме наскоро, уште две се комбинации за лав необјавени. Поздрав 🙂

Остави коментар