Хороскопскиот знак ви открива која навика треба да ја исфрлите во 2017-та година

Хороскопскиот знак ви открива која навика треба да ја исфрлите во 2017-та година

Навиките знаат да бидат доста неубави работи! Еве која навика ви задава главоболка, судејќи по вашиот хороскопски знак. Можеби сега ќе успеете да ја исфрлите, бидејќи нова година – нови вие!

1-koja-navika-treba-da-ja-isfrlite-vo-2017-ta-godina-sudejkji-po-vashiot-horoskopski-znak-www.kafepauza.mk)

Овен

Навикнати сте да реагирате импулсивно и непромислено. Честопати делувате како вистинска атомска бомба! Вдишете длабоко, размислите, па тогаш кажете или направете нешто.

Бик

Вашата навика е од материјална природа. Толку уживате во богатството и изобилството, што заборавате на реалниот свет околу вас. Оставете го тоа и излезете да се дружите со луѓето. Тоа ќе ве усреќи.

Близнаци

Одложувате и никогаш не го завршувате она што сте го започнале. Лесно е да го попречат вашето внимание и тешко се фокусирате. Ако така ви е полесно, тогаш запишете ги вашите обврски, направите листа на приоритети и завршете го она што сте го започнале.

Рак

Штом ќе се врзете за некого, вие умеете да претерате и да бидете помалку напорни и наметливи. Опуштете се. Никој нема да ве изневери и никој нема да ве отфрли, а не мора секогаш толку многу да покажувате дека се грижите за некого. Посилни сте отколку што мислите!

Лав

Вие имате навика да се споредувате и да се натпреварувате со другите. Но, не ви е потребно признание од другите дека сте најдобри. Вие веќе сте! Спуштете се на земја и ќе видите колку луѓето всушност сакаат да се дружат со вас.

Девица

Вашата најлоша навика, но и особина, е тежнеењето кон перфекционизам. Морате да се опуштите, бидејќи во длабочината на душата и самите знаете дека ништо не е совршено. Обидете се да пронајдете убавина во ситните маани и пропусти.

Вага

Вие никого не сте одбиле. Секогаш велите „да“ и тоа е сјајно, но кога ќе претерате – ете ви лоша навика. Умеете добро да мислите и да проценувате, па немојте да го заборавите тоа. И слободно понекогаш кажете „не“!

Скорпија

Вашата лоша навика е вашата способност за убедување и манипулација. Секако, ова понекогаш е во ред, но често знаете да претерате и да бидете доста себични, односно да ги убедувате луѓето да работат во ваша корист. Немојте да го правите тоа. Не сакате вие самите да бидете изманипулирани, зар не?

Стрелец

Вие знаете да бидете невнимателни и да постапувате лошо со луѓето. Не е дека сте нељубезни, туку само сте во некој ваш свет. Сепак, нема секој тоа така да го сфати, па подобро бидете повнимателни и малку повеќе размислувајте, за вашите односи да бидат потрајни и посилни.

Јарец

Вие сте вистински работохоличари! Работа, работа, работа и ниту еден слободен ден. Ова не е здраво, ниту е добро за резултатите од вашата работа. Ќе видите, одморот ќе ви одговара и ќе работите како никогаш досега.

Водолија

Вашата навика е прилично иронична. Иако се грижите за сите, за себе се грижите најмалку и се запоставувате. Во новата година, задолжително барем малку од вашето време посветете си го себеси и на она што ве опушта.

Риби

Навикнати сте да живеете во некој ваш свет за да се заштитите од вистинскиот, надворешен свет. Тоа е сјајно, но нема поента баш секогаш. Морате да чувствувате и некогаш да бидете повредени за да созреете и да бидете уште подобри.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар