Кој хороскопски знак е најголема педантерија, а кој е неуреден?

Кој хороскопски знак е најголема педантерија, а кој е неуреден?

Нашите домови и начинот на кој се грижиме за нив се огледало на нас самите. Иако сите би сакале да кажат дека се уредни, знаеме дека тоа не е секогаш случај. Некои сметаат дека може да функционираат само ако сè е чисто, додека на други не им пречат ниту валкани садови што стојат во мијалникот со денови.

Девица

Луѓето родени во овој хороскопски знак не само што се уредни, туку се и целосно „луди“ по чистењето. Тие сакаат сè да е совршено организирано, на свое место и да е апсолутно чисто. Никогаш нема да видите хаос во нивниот дом.

Бик

Тие многу се трудат и се грижат за себе, а нивниот дом е само продолжение на тоа, затоа што тие едноставно не може да се опуштат во нередот. Покрај тоа, тие не сакаат да им дадат на другите причина да им се суди за нешто.

Јарец

Тие се посветени и вредни во сè што прават и тоа не се менува кога станува збор за нивниот дом. Иако на домашните обврски не им даваат предност, тие имаат силна желба да биде сè организирано и на место.

Скорпија

Тие сакаат да ги чуваат работите околу себе и заради тоа многумина можеби мислат дека се склони кон неуредност. Сепак, тие сакаат да го одржат просторот чист затоа што тоа е нивно приватно засолниште од остатокот од светот.

Можеби ќе вложат малку повеќе во личната хигиена отколку во домашните обврски, но тоа не го менува фактот дека поголемиот дел од времето, сè околу нив е прилично чисто.

Рак

Удобноста им е важна, но не само сопствената. Тие сакаат и на другите што доаѓаат кај нив да им биде пријатно. Внимаваат нивниот простор да биде барем минимално исчистен во случај некој неочекувано да наврати.

Овен

Овните може да бидат или уредни или неуредни, во зависност од тоа што им се случува во животот. Тие не им даваат приоритет на домашните работи, туку на излегувањето со пријателите затоа што мислат дека животот е премногу краток и сакаат „да дишат со полни гради“.

Понекогаш тие се малку немирни, особено кога само седат дома. Не е невообичаено да исчистат ако им стане здодевно. Нивниот дом е прилично уреден, па ако работите почнат да се трупаат, нема да им треба многу време за да ги средат.

Лав

Овој хороскопски знак сака да остави добар впечаток. Не сака нечистотија, но реално нема многу време во неговиот зафатен живот да го задржи својот дом во совршен ред.

Нивниот домашен простор не е валкан или неуреден, но честопати трупаат работи за кои не пронашле место. Нивниот дом е репрезентативен и можат да го исчистат брзо без многу мака, но најголемиот проблем им е времето.

Водолија

Во главата на Водолијата се случува сешто. Ќе се обиде да го среди нередот, но не сака сè да ѝ се сведе на извршувањето домашни обврски.

Со оглед на нејзината неконвенционална природа, Водолијата не чувствува потреба да импресионира некого, но лесно ѝ се распрснува енергијата што ја има, па затоа треба јасно да ја постави целта што треба да ја постигне.

Близнаци

Тие секогаш имаат добри намери, но кога треба да започнат со чистење секогаш се појавува „нешто поважно“. Поминува уште еден ден пред да стигнат нешто да зачистат. Поинаку е кога нешто се организира во нивниот дом, зашто тогаш тоа им дава мотивација да одржат сè уредно. Инаку секогаш нешто друго им е поважно и нивното внимание постојано е насочено на нешто друго, наместо кон чистењето.

Вага

Нив ги привлекуваат убавите работи, но тоа не значи дека тие сè одржуваат уредно. Вагата нема да се заморува премногу за сè да одржи чисто. Како и Близнаците и таа секогаш бара причина да не направи нешто, освен кога очекува гости.

Риби

Тие секогаш се трудат да им биде удобно и да се опуштени, па затоа не изненадува тоа што овој вид размислување важи и за нивните навики при чистењето. Не им пречи тоа што работите се расфрлени затоа што тие навистина уживаат во малку хаос.

Стрелец

Тие мислат дека некои работи во животот се неверојатно важни, како што се нивната независност, авантурата, среќата и хуморот, но чистењето во домот не им е „јака страна“.

Обично тие се толку зафатени со планирање на следната авантура, па ретко се дома и се водат со помислата „зошто да се исчисти нешто што подоцна секако ќе се извалка?“.

Можеби сакате да прочитате и за тоа кои мажи се најдобри според хороскопските знаци.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар