Кое дрво сте според датата на раѓање?
Откријте кое е вашето дрво според датата на раѓање и прочитајте што открива тоа за вашата личност.
Јаболкница – Љубов (23.12 – 01.01 и 25.06 – 04.07)
Оние чие дрво на раѓање е јаболкницата се најчесто витки според градбата, атрактивни се и шармантни. Имаат пријатна аура, сакаат да флертуваат и по природа се авантуристи. Сакаат да љубат и да бидат љубени. Како партнери се нежни, верни и дарежливи. Имаат талент за наука и важат за безгрижни филозофи полни со имагинација.
Јасен – Амбиција (25.05 – 03.06 и 22.11 – 01.12)
Родените во знакот на јасенот се необично атрактивни, весели, импулсивни и амбициозни. Имаат многу барања и не се грижат за туѓите критики. Интелигентни се и талентирани, дури и малку повеќе егоистични. Сакаат да си играат со судбината, но и покрај тоа се личности од доверба. Во љубовта се верни и разумни, иако понекогаш се водат според чувствата. Односот со партнерот го сфаќаат сериозно.
Бука – Креативност (22.12)
Припадниците на ова дрво имаат добар вкус, се грижат за својот изглед и знаат како да ги организираат животот и кариерата. По природа се материјалисти, но затоа се и одлични економисти и лидери кои не преземаат непотребни ризици. Важат за добри и разумни партнери кои се интересираат за разни спортови и диети.
Бреза – Инспирација (24.06)
Се работи за весели, атрактивни, елегантни и пријателски настроени личности. Скромни се и не сакаат ништо што е претерано. Сакаат да живеат мирно и постојано да се во контакт со природата, а не поднесуваат вулгарности. Страста не им е силна страна, прилично се вообразени, не се многу амбициозни, но умеат да создадат мирна и пријатна атмосфера.
Смрека – Доверба (09.02 – 18.02 и 14.08 – 23.08)
Личностите родени во знакот на смреката се многу убави и лесно прилагодливи. Го сакаат луксузот и воопшто не се срамежливи. Важат за одлучни, нетрпеливи и самоуверени личности кои секогаш сакаат да ги импресионираат другите. Многу се талентирани и знаат да ја чекаат вистинската љубов. Способни се да донесат брзи одлуки.
Костен – Искреност (15.05 – 24.05 и 12.11 – 21.11)
Иако припадниците на ова дрво се невообичаено убави личности, тие сепак не се обидуваат да ги импресионираат другите со својата убавина. Имаат добро развиено чувство за правда. Весели се и сè ги интересира. Поради недостаток на самодоверба, овие личности се многу чувствителни кога се дел од некое поголемо друштво. Понекогаш реагираат супериорно, се чувствуваат како да не се разбрани од другите и имаат потешкотии при пронаоѓање на партнер.
Јавор – Верност (25.01 – 03.02 и 26.07 – 04.08)
Личностите чие дрво на раѓање е јаворот се силни и мускулести. Лесно се прилагодуваат и земаат сè што ќе им пружи животот. Оптимисти се и знаат да бидат задоволни. Алчни се за пари и разни признанија. Не поднесуваат да бидат осамени. Во љубовта важат за страсни и верни, но истовремено и избувливи и безгрижни љубовници.
Бреза – Великодушност (12.01 – 24.01 и 15.07 – 25.07)
Оние кои се родени во знакот на ова дрво важат за пријатни личности кои имаат вкус за облека. Нивните барања се скромни, но сакаат да донесуваат одлуки за другите. Тешко ги простуваат туѓите грешки. Сакаат да водат, но не и да ги почитуваат правилата. Великодушни се, практични и имаат смисла за хумор. Во љубовта се верни и искрени.
Смоква – Сензибилност (14.06 – 23.06 и 12.12 – 21.12)
Се работи за личности кои се многу силни и независни, а работите ги извршуваат самоволно. Не дозволуваат контрадикторности и аргументи. Ги сакаат животот, семејството, децата и животните. Дружељубиви се и имаат смисла за хумор. Талентирани се и интелигентни, но сакаат да се излежуваат и да безделничат.
Елка – Мистериозност (02.01 – 11.01 и 05.07 – 14.07)
Родените во знакот на елката имаат несекојдневен вкус, достоинствени се и софистицирани. Сакаат сè што е убаво. Лесно го менуваат расположението, тврдоглави се и егоистични. Но, и покрај тоа се грижат за најблиските. Имаат големи амбиции и многу таленти. Опкружени се со многу пријатели, а во љубовта важат за личности кои тешко можете да ги задоволите.
Лешник – Невообичаеност (22.03 – 31.03 и 24.09 – 03.10)
Припадниците на лешникот се шармантни личности кои немаат многу барања и се полни со разбирање. Знаат како да остават впечаток и затоа се многу популарни. Во љубовта се комплицирани, но искрени и толерантни. Имаат голема моќ за прецизно расудување.
Габер – Добар вкус (04.06 – 13.06 и 02.12 – 11.12)
Овие личности имаат неверојатна убавина, се грижат за својот изглед и кондиција, имаат добар вкус и не се егоистични. Живеат колку што е можно поудобно и водат одговорен и дисциплиниран живот. Од партнерот бараат љубезност и афирмација. Задоволни се со сопствените чувства, на многумина не им веруваат, не се сигурни во своите одлуки, но многу се совесни.
Лимета – Сомнеж (11.03 – 20.03 и 13.09 – 22.09)
Оние чие дрво на раѓање е лиметата со мака го примаат тоа што им го пружа животот. Не поднесуваат стрес, борби и работа. Попустливи се спрема другите и знаат да се жртвуваат за пријателите. Иако поседуваат многу таленти, не се доволно амбициозни за да ги реализираат. Имаат склоност кон жалење и љубомора, но сепак се верни партнери.
Јавор – Независен ум (11.04 – 20.04 и 14.10 – 23.10)
Личностите родени во знакот на јаворот се необични луѓе, полни со имагинација и оригиналност. Срамежливи се, но амбициозни, горди и сигурни во себе. Постојано се во потрага по нови искуства. Понекогаш се многу нервозни и комплицирани. Имаат добра меморија и лесно учат. Сакаат да ги импресионираат другите и имаат комплициран љубовен живот.
Даб – Храброст (21.03)
По природа, овие личности се многу стабилни, храбри и силни. Независни се од другите и разумни. Не сакаат промени и стојат цврсто на земјата. Секогаш први ги преземаат работите.
Маслиново дрво – Мудрост (23.09)
Родените во знакот на ова дрво ги сакаат сонцето и топлината и убавите чувства. Разумни се и урамнотежени. Избегнуваат насилство и агресивност. Важат за толерантни, весели и мирни личности. Имаат развиено чувство за праведност, чувствителни се и не се љубоморни. Сакаат да читаат и да бидат опкружени со софистицирани луѓе.
Бор – Исклучителност (19.02 – 28.02 и 24.08 – 02.09)
Издржливоста е главна карактеристика на личностите родени во знакот на борот. Сакаат да бидат опкружени со пријатни луѓе, но и самите знаат како да си го направат животот попријатен. Активни се, практични и спонтани. Лесно се вљубуваат, но нивната страст брзо согорува. Се разочаруваат ако не го најдат тоа што го сметаат за идеално и лесно се откажуваат.
Топола – Несигурност (04.02 – 08.02, 29.02, 01.05 – 14.05 и 05.08 – 13.08)
Припадниците на ова дрво не се многу сигурни во себе и разумни се само кога е тоа потребно. Имаат добра волја и секогаш се во пријатно опкружување. Претенциозни се, често се осамени, имаат талент за уметност и важат за добри организатори. Се интересираат за филозофијата, сигурни се во секоја ситуација, а врските ги сфаќаат сериозно.
Мушмула – Чувствителност (01.04 – 10.04 и 04.10 – 13.10)
Ова се шармантни и весели личности, полни со егоизам. Сакаат да привлекуваат внимание. Го сакаат животот и постојано се во движење. Истовремено се и зависни и независни. Имаат добар вкус, надарени се за уметност и многу се чувствителни. Дружељубиви се, но не простуваат лесно.
Орев – Страст (21.04 – 30.04 и 24.10 – 11.11)
Родените во знакот на оревот се по малку чудни личности полни со спротивности, независни и егоистични. Агресивни се и од нив може да се очекуваат различни реакции, но имаат широки погледи кон работите. Спонтани се и амбициозни. Не се флексибилни. Во љубовта важат за тешки и необични партнери кои не се секогаш сакани, но на кои другите често им се восхитуваат. Љубоморни се, полни со страст и не прават компромиси.
Жална врба – Меланхолија (01.03 – 10.03 и 03.09 – 12.09)
Личностите чие дрво на раѓање е жалната врба се убави, но меланхолични. Сакаат сè што е убаво и вкусно и сакаат да патуваат. Тие се сонувачи, полни со енергија, каприциозни и искрени. Може да се влијае на нив, но не е лесно да се живее со нив. Имаат добро развиена интуиција, но често страдаат во љубовта и затоа бараат партнер покрај кој ќе можат да останат засекогаш.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.