Какви желби има секој хороскопски знак додека води љубов?

Какви желби има секој хороскопски знак додека води љубов?

Сите личности имаат свои желби и улоги што ги возбудуваат, па погледнете во која улога би сакал да се најде секој хороскопски знак додека води љубов.

Какви желби има секој хороскопски знак додека води љубов?

Овен

Овој хороскопски знак сака да владее, па особено ќе ужива во улогите каде што тој е доминантен. На личностите родени во овој хороскопски знак особено им одговара улогата на полицаец или на некој друг авторитет што ќе ги преземе работите во свои раце и ќе ве казни ако сте непослушни.

Бик

Бикот е знак што ужива во предиграта. Него особено го возбудуваат односи во коишто се прави нешто што е забрането. На личностите родени во овој хороскопски знак им одговара улогата во која нивната партнерка има сопруг и одлучува да го изневери токму со него.

Особено ги возбудува бурмата на раката на партнерката бидејќи им покажува дека допираат нешто што е забрането.

Близнаци

Како што сестрата се посветува на својот пациент, така и личностите родени во овој хороскопски знак сакаат да имаат во својот кревет секси, млада и перверзна медицинска сестра која ќе ги задоволи сите нивни потреби.

Рак

Ракот се смета за исклучително чувствителен знак во Зодијакот. Бидејќи овие личности сакаат да ги исполнуваат сите желби на своите партнери и сакаат да им помагаат на луѓето, најмногу ги возбудува улогата на пожарникар кој дошол да ве спаси од огнот и да ве однесе на безбедно место.

Во вашиот кревет, се разбира.

Лав

Овие личности сакаат да покажат авторитет и доминација, а најмногу ги возбудува улогата на строг професор. Доколку не сте го совладале материјалот добро, ќе мора да се покорите на неговиот авторитет и да направите сè што ќе заповеда.

Девица

Девиците имаат стил и знаат да уживаат во секој допир на партнерот. Нив особено ги возбудуваат чипка, халтери и секси долна облека, па ако се облечете како секси учителка сигурно ќе го натерате да полуди за вас и да остане во креветот многу долго време.

Вага

Вагите уживаат во улогите од своите омилени филмови. Тие фантазираат за претворање во своите главни јунаци затоа што тогаш имаат многу поголема самодоверба. Зоро, Бетмен или Супермен – дозволете им да ве спасат и потоа заблагодарете им се.

Скорпија

Скорпиите се сметаат за едни од најперверзните личности што не сакаат да губат време. Нив ги возбудуваат маските и водењето љубов под нив. Овие личности ќе се замислат себеси на бал под маски каде што за прв пат ќе ве сретнат и ќе ве одведат во својата соба без да кажат ниту еден збор.

Стрелец

Стрелците сакаат да експериментираат и неизвесноста ги доведува до лудило. Личностите родени во овој хороскопски знак би сакале да се најдат во улогата на таксист кому една млада девојка нема како да му плати, освен на еден многу креативен начин.

Јарец

Овие личности најчесто ги задржуваат сите своите фантазии за себе. Сепак, кога би можеле да бираат, за партнерка би ја избрале мајката на својот најдобар пријател, а тие би се замислиле како тинејџер кој треба да ја изгуби невиноста со неа.

Водолија

Личностите родени во овој хороскопски знак ја сакаат сензуалноста и поради тоа масажите се секогаш добар избор за нив. Тие се гледаат себеси во улога на клиент кој дошол на безопасна масажа која ќе се претвори во масажа на сите делови од неговото тело.

Риби

Рибите се исклучително имагинативни личности и сакаат да го задоволуваат својот партнер. Овие личности уживаат во предиграта и себеси се гледаат во улогата на водоводџија кој ја завршува својата работа со млада, сама домаќинка, на масата во кујната, откако го поправил дефектот под мијалникот.

Дали сте меѓу хороскопските знаци за коишто љубовта е игра на сè или ништо?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар