Каква е вашата сродна душа според вашиот хороскопски знак?
Сите знаеме дека дневниот хороскоп не треба да го сфаќате премногу сериозно. Но хороскопите поврзани со вашите главни карактеристики често знаат да изненадат со нивната точност. Па, не е ни чудно ако ја прашате астрологијата каде би требало да ја барате вашата сродна душа. Продолжете со читање и дознајте каква е вашата сродна душа според вашиот хороскопски знак.
Овен
Овните се самоуверени и сигурни во себе, па потребна им е личност што може да ги следи. Тие се храбри луѓе кои често ќе ве изненадуваат и секогаш го кажуваат нивното мислење, без разлика колкав е ризикот. Исто така, Овните воопшто не сакаат лажење.
Владејачката планета на Овните е Марс, што ги прави овие луѓе силни, амбициозни и нетрпеливи. Овните немаат време за „неважните“ проблеми, па нивната сродна душа е храбра и самоуверена личност која е комуникативна.
Потенцијални сродни души: Овен, Лав, Стрелец, Близнаци и Водолија
Бик
Биковите се луѓе создадени за љубов од секаков вид. Тие сакаат сигурност и мир и се верни партнери до крајот, под услов и другата личност да се однесува исто.
Владејачката планета на Бикот е Венера, па овие луѓе навистина сакаат да уживаат во животот. Сакаат да бидат опкружени со внимание и бараат целосна посветеност и верност. Воопшто не сакаат игри во врските. Сродната душа на Бикот е романтична личност во чиј центар на светот ќе се наоѓа тој.
Потенцијални сродни души: Рак, Јарец, Девица и Риби
Близнаци
На Близнаците им е потребна личност со интелект и смисла за хумор, што е доволно различна за да им биде интересна. Близнаците се навистина пребирливи кога станува збор за нивните партнери и воопшто не сакаат здодевни односи.
Меркур е владејачката планета на Близнаците, што ги прави желни за знаење и склони кон големи планови и идеи. Нивната идеална сродна душа е духовита, паметна и интересна личност.
Потенцијални сродни души: Лав, Вага, Овен и Водолија
Рак
Ракот има големо срце полно со љубов, а за до го освоите мора да се однесувате на истиот начин. На Раковите им е важно нивниот партнер да биде интелигентна личност која ќе ги поттикнува нивниот раст и развој. Истовремено, тие сакаат партнер кој е доволно внимателен и кој ќе направи да се чувствуваат сакано.
Владејачката планета на Ракот е Марс, што ги прави навистина емотивни и сочувствителни. Сродната душа на Ракот е интелигентна и внимателна личност со емпатично срце.
Потенцијални сродни души: Скорпија, Бик, Риби и Девица
Лав
Лавовите ги привлекуваат самоуверени и мистериозни личности, кои се подготвени на авантура. Нивниот партнер треба да биде подготвен да ризикува и одвреме-навреме да ги изненадува.
Со Лавот владее сонцето, па тие се навистина храбри и великодушни личности. Нивната сродна душа е самоуверена и таинствена личност, која е подготвена да ја одржи возбудата во врската.
Потенцијални сродни души: Близнаци, Вага, Стрелец и Овен
Девица
Владејачката планета на Девиците е Меркур, што ги прави навистина интелигентни и љубопитни личности. Најмногу им одговараат комплексни и софистицирани личности, а нивниот партнер треба да биде мотивиран и амбициозен. Девиците не сакаат луѓе кои немаат никакви цели.
Сродната душа на Девиците е софистицирана и амбициозна личност која целосно ќе ѝ се посвети на врската.
Потенцијални сродни души: Скорпија, Јарец, Рак и Бик
Вага
Поради владејачката планета Венера, Вагите се добронамерни, привлечни и шармантни луѓе кои сакат да бидат опкружени со убави нешта.
Кога станува збор за избор на партнер, Вагите имаат високи стандарди и се внимателни при избирањето. Потребна им е интелигентна личност со широк спектар на знаење, а поради нивната неодлучност, нивниот партнер треба да биде личност која знае што сака. Сродната душа на Вагите треба да внимава и на својот физички изглед, бидејќи тие многу ја ценат естетиката.
Потенцијални сродни души: Близнаци, Водолија, Стрелец и Лав
Скорпија
Владејачката планета на Скорпиите е Плутон, па овие луѓе се навистина силни и издржливи. Нивната љубов е длабока, интензивна и безусловна, па потребен им е партнер кој може да го издржи нивниот интензитет.
Совршената сродна душа за Скорпиите е личност со бујна фантазија, која мисли и чувствува длабоко, но и која не открива сè за себе. На Скорпиите им е потребен предизвик, интрига, остроумен хумор и страст.
Потенцијални сродни души: Риби, Девица, Јарец и Рак
Стрелец
Стрелците се под влијанието на Јупитер, па тие се ведри, духовити и добронамерни личности. Стрелците ја ценат својата слобода и независност, па посесивната личност никогаш не би била добар партнер за нив.
Стрелците не сакаат правила и рутина, ниту пак луѓе кои сакаат да ги променат. Нивната сродна душа е отворена и весела личност која секогаш е подготвена за нови искуства.
Потенцијални сродни души: Лав, Водолија, Овен и Вага
Јарец
Со Јарците владее Сатурн, па тие се амбициозни и сериозни луѓе. Кога одбираат партнер, го прават тоа навистина внимателно.
Нивниот совршен партнер треба да има доза елеганција и да биде горд на себе. На Јарците им е потребна интелигентна личност, која може да внесе смисла во нередот што ја опкружува. Нивната сродна душа е верна личност на којашто можат да ѝ веруваат.
Потенцијални сродни души: Риби, Бик, Девица и Скорпија
Водолија
Владејачката планета на Водолиите е Уран, што ги прави луѓе со навистина широки погледи. На Водолиите им е потребен партнер кој е забавен и екстроверт и кој е подготвен на предизвици и авантури.
Совршениот партнер за овие луѓе е личност која е остроумна, која сака да се забавува и која има смисла за хумор. Бидејќи уживаат во храната, на Водолиите потребен им е партнер и што знае да готви.
Потенцијални сродни души: Вага, Овен, Близнаци и Стрелец
Риби
Владејачката планета на Рибите е Нептун, па тие често живеат во свој свет и не го сфаќаат животот премногу сериозно. Рибите се вистински емпати кои покажуваат големо разбирање за нивната околина.
Сродната душа на Рибите е самоуверена личност со креативен ум, којашто не размислува линеарно. Уште поважно им е партнерот да биде личност со којашто можат да се поврзат и длабоко да комуницираат.
Потенцијални сродни души: Рак, Скорпија, Девица и Бик
Дознајте и како ќе ја сретнете вашата сродна душа според хороскопскиот знак.