Каква девојка бараат машките родени во знакот на девица?

Каква девојка бараат машките родени во знакот Девица?

Доколку се прашувате како да ја освоите љубовта на маж роден во знакот Девица, правило број еден е да му оставите добар впечаток со вашата физичка појава.

Облечете се за успех

1-kakva-devojka-baraat-mashkite-rodeni-vo-znakot-na-devica-kafepauza.mk

Доколку се прашувате како да ја освоите љубовта на маж роден во знакот на девица, правило број еден е да му оставите добар впечаток со вашата физичка појава. Дефинитивно нема да му го привлечете вниманието ако ја зачешлате косата со прсти и ако сте облечени во вашите најудобни тренерки кога ќе го сретнете. Машките девици се во потрага по партнерка со стил, која посветува доста време за разубавување и нега. Тоа значи дека за да го освоите неговиот поглед, треба секогаш да изгледате уредно и чисто и да носите облека во која ќе изгледате привлечно како него. Мажите родени во овој знак бараат сопатничка која совршено ќе им прилега.

Имајте добри манири

2-kakva-devojka-baraat-mashkite-rodeni-vo-znakot-na-devica-kafepauza.mk

Момците родени во овој знак не сакаат жени кои сакаат да прават спектакл од себеси во јавност. Ако учтивоста и пристојноста не е ваш стил на однесување, не се ни обидувајте да освоите некоја девица. Тој сака партнерка со која ќе може да се гордее во секој момент. Ако сте премногу гласни, кажувате безобразни шеги и звучно ја сркате супата, дефинитивно ќе ги надминете неговите граници на толеранција.

Искреноста е одлучувачка

3-kakva-devojka-baraat-mashkite-rodeni-vo-znakot-na-devica-kafepauza.mk

Ствар која машката девица нема да ја толерира е лага или прикривање на вистината. Тој сака да се чувствува сосема безбедно во врската пред да реши целосно да се предаде на чувствата. Ако дознае дека му кажувате ситни лаги или прескокнувате да му кажете значајни работи, најверојатно ќе си отиде од вашиот живот уште пред да сфатите дека сте го разочарале. Девојки, има само уште една работа на која треба да внимавате ако сакате да изградите убав однос со момче родено во знакот на девица – ако искрено му кажувате што мислите или чувствувате за него, внимателно одберете ги зборовите. Девиците се прилично критични спрема другите луѓе, но кога станува збор за нив, тешко прифаќаат критика од кој било вид.

Покажете му дека сте заинтересирани

4-kakva-devojka-baraat-mashkite-rodeni-vo-znakot-na-devica-kafepauza.mk

Иако машките девици во принцип знаат какви се нивните очекувања од својата партнерка, сепак тие сакаат да одат пополека. Ова е резултат на нивниот страв од одбивање. Затоа, ако тој дискретно се обидува да започне разговор со вас, сфатете го како знак дека е заинтересиран. Нема да згрешите ако го поканите на вечера, но немојте да се противите ако тој инсистира да плати за истата.

Покажете му дека ви е потребен

5-kakva-devojka-baraat-mashkite-rodeni-vo-znakot-na-devica-kafepauza.mk

Машките девици прекрасно се грижат за своите љубени и тие уживаат во таа улога. Немојте да создавате вештачки ситуации во кои ќе очекувате дека тој ќе биде вашиот супермен кој ќе дојде да ве спаси, но слободно побарајте од него совет кога ви е потребен и искажете ја вашата благодарност за работите кои тој ги прави за вас. Охрабрувањето и позитивната критика се како балсам за неговата душа и неговата затскриена потреба да се чувствува прифатено.

 Заведувајте го постепено

6-kakva-devojka-baraat-mashkite-rodeni-vo-znakot-na-devica-kafepauza.mk

Да ја претворите вашата кратка романса со машка девица во сериозна љубовна врска е навистина тешка задача. Тој ќе се колеба дали да го направи првиот чекор или не, бидејќи не сака да избрзува. Ако тој навистина ви значи и сакате да го задржите, пронајдете начин да му покажете дека го посакувате, без да бидете премногу директни. Ако успешно сте му покажале дека ви е навистина битен во животот и ако се чувствува сигурно покрај вас, сте на половина пат до освојување на неговото срце. Милувајте го и бидете покрај него извесен период и бидете сигурни дека тој ќе ви ги возврати чувствата.

Како да го задржите во вашите прегратки засекогаш?

"VFMLID=36914125"

Нема да натерате машка девица да ве запроси ако го убедувате и притискате да го стори тоа. Најдоброто нешто што можете да го направите е  постојано да му покажувате дека ви значи, дека секогаш ќе се грижите за него и безрезервно го почитувате. Машките девици се вистински кавалери, така што ако му докажете дека вие навистина вредите и сте вистинската жена за него, тој ќе сака да го помине остатокот од животот со вас во брачна заедница.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. David Reply

    Bravo, jas sum devica i se e pogodeno….

  2. Igor Reply

    Ej ova kako jas da se gledam,bravo!!

  3. sinjorita Reply

    ic ne ve sakam devicii ;)))

  4. cobe Reply

    super se e pogodeno

  5. blondie Reply

    so drugi zborovi baraat SOVRSHENA…. :))

  6. natasa Reply

    jas imam decko devica i bese tesko da se fati:D ama ete go so mene e:D

  7. deki Reply

    tacno e se pogodile i vo najsitnite detali…..:)

  8. suzi Reply

    tocno e se i jas imam eden kavaler do mene

  9. Зумбулче Reply

    Види ги ти девициве…. морам да признаам дека знаат што сакаат. Сега ми се појасни некои работи 🙂

  10. sanika Reply

    kolku e samoo tocno see :)))

  11. Име Reply

    El Cavaliero ! 😛

  12. туруру Reply

    хахх! бев со една “девица”…ги поседував и ги поседувам(не глумам) сите овие напишани работи..и што после..?! ме шутна! едноставно не го разбирам?ми велеше дека сум супер во сите погледи…и сега што?-точак!!
    едноставно имам бунка во главава. -.-

    • Stojko Reply

      epa izlgeda sepak nesto ne poseduvas,nesto bitno a vrzka nemas za toa hahah prosticka da ne si malku ??

  13. Име Reply

    dzveroj smee 😉

  14. лав Reply

    мене воопшто не ми беше проблем да фатам девица дечко 😀 напротив беше тоа една лесна задача тоа затоа што сум лав 😛

  15. Девица ~!! Reply

    Баш тој шо го сакам е девица и мислам дека овде се му е погодено 😀

    • Stojko Reply

      najverojatno lici malku na gay,site devici licat na malku na gay hahah ne mora da mi potvrdis znam hah

  16. Diplomat Reply

    Потполно се согласува… секоја чест за оној/онаа кој што го напишал овој текст…

  17. Дамјан Reply

    Се е точно 😉

  18. crna ovca Reply

    ima iskluchoci … 🙂 … vo sekoja livada ima i korov 🙂 🙂 🙂

  19. Roki Reply

    Se e tocno i jas sum devica i bev vo vrska 3 god so devica…mora da si fatam devojka…ama…devica 😉 mnogu gi sakammmm :* napred devici zakon ste… 😉

  20. BENI Reply

    WOW MNOGU PRECIZNO I JASNO<>MI SE DOPAGA OVA 🙂

  21. Dacko Reply

    Potpolno se soglasuvam so gorenavedenoto, devica sum i bev vo vrska so devica i pak ke si baram devica bogami i ke nastojuvam celiot zivot da go pominam so devica haha 😀

  22. BOBI Reply

    bas me cudi kako mozat da pogoduvaat se do sitni detali BRAVO

  23. jovanka Reply

    a za bliznacite koga ke ima ?

Остави коментар