Како вашиот хороскопски знак се бори со депресијата?

Како вашиот хороскопски знак се бори со депресијата?

Секој од нас на свој сопствен начин се бори со тешките ситуации и депресијата во животот, но хороскопот открива некои работи кои на чуден начин ги поврзуваат припадниците на разните хороскопски знаци.

kako-vashiot-horoskopski-znak-se-bori-so-depresijata-kafepauza.mk

Овен

Овенот ќе стане агресивен и може да „пукне“ без причина. Припадниците на овој знак во депресивните моменти сакаат да бидат опкружени со луѓе, ама тие луѓе, по правило, не сакаат во тие моменти да бидат во негова близина.

Бик

Бикот ќе ја пренесе својата депресија на другите и ако треба ќе ги увери во тоа. А потоа ќе се грижи за нив онака како што тој би сакал тие да се грижат за него.

Близнаци

Еден од знаците кој најдобро се справува со депресијата. Тие ќе најдат начин постојано да бидат зафатени, ќе се дружат со своите пријатели додека депресијата не им помине.

Рак

Раковите со своето меко срце никогаш не ја потценуваат важноста на добрата храна, доброто плачење и поддршката од родителите и пријателите – како и во секоја животна ситуација, така и тогаш кога се борат со депресијата.

Лав

Овој хороскопски знак сака да биде во центарот на вниманието, па тоа го прави и во овие моменти, сака сите да го тешат. Меѓутоа нема долго да ѝ се препушти на депресијата, можеби ќе организира забава или дружење со пријателите за да се расположи.

Девица

Педантните и организирани девици немаат време за депресија бидејќи се зафатени со други поважни работи. Сами ќе се убедат дека нивните чувства се ирационални и ќе пробаат да не мислат многу на нив.

Вага

Вагата ќе проба што е можно повеќе да биде опкружена со луѓе и да биде подолго време надвор од домот. Промена на средината, викенд патување или дружење со саканата личност е најдобриот и најбрзиот лек за борење со депресијата.

Скорпија

Мистериозната и харизматична Скорпија ќе ѝ се препушти на депресијата и на негативните мисли. По некое време како феникс ќе се прероди од својот сопствен пепел, ќе научи нешто ново за себе и ќе се врати појака од кога и да било.

Стрелец

Стрелецот скоро никогаш нема да им признае на своите сакани дека нешто го мачи. Припадниците на овој хороскопски знак, кои се познати по одличната смисла за хумор и оптимизмот, ќе пронајдат начин сами да се расположат и нема да им се предадат на тагата и негативните мисли.

Јарец

Јарецот ќе изгради свој одбранбен став и ќе се оддалечи од сите. Може да одрекува дека не му е ништо сè додека не падне на самото дно. Јарците се прилично склони кон депресија.

Водолија

Припадниците на овој знак навистина имаат краток фитиљ. Комуникацијата со непознати луѓе и со колегите ќе биде сведена на минимум, а кулминацијата ќе ја изразат врз саканите личности на кои ќе им викаат без причина.

Риби

Осетливите риби во оваа ситуација ќе почнат да мислат дека целиот свет се свртел против нив. Секој кој не се согласува со нив, едноставно не ги разбира и не знае како е тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

  1. nekoj Reply

    Stereotip , stereotip , stereotip… pojma si nemate od horoskop

    Devica

  2. rak Reply

    jas sum rak – moite depresii se kratki kako ne bliznaci a tajni kako na jarec.. toa se najcesto 2 minuti placenje 😀 😀

Остави коментар