Како вашиот хороскопски знак ја поднесува досадата?

Како вашиот хороскопски знак ја поднесува досадата?

Како се справува секој хороскопски знак со досадата? Лавот ќе ја искористи за да се одмори, Ракот секогаш ќе пронајде некоја активност, а најлошо им е на Близнаците, Овните и Рибите.

kako-vashiot-horoskopski-znak-ja-podnesuva-dosadata-kafepauza.mk

Овен – Досадата му е најголем непријател

Темпераментните и активни припадници на овој знак се големи обожаватели на акции, а самата помисла на досада кај нив предизвикува нервоза, па може да станат и груби. Веднаш бараат решение, а единствен критериум им е да се движат. Обично досадата ја решаваат со физичко движење, прошетка или возење велосипед, но знаат и да ги организираат пријателите за групно дружење. Досадни може да му бидат и некои луѓе кои ги доживува како напорни.

Бик – Знае да се справува со досадата

Припадниците на овој знак не се нестрпливи типови кои очекуваат дека во животот постојано ќе им се случуваат важни работи. Па кога му е досадно, Бикот ќе пронајде други активности и мирно ќе чека да му се случи нешто возбудливо. Нивниот лек за досадата е: читање весници, пиење кафе или работа во градината, односно некоја релаксирана активност која ќе ги наполни со енергија. Од досадните луѓе само ќе се оттргнат, без да предизвикаат караница.

Близнаци – Забавата им е мото во животот

Припадниците на овој знак не ја поднесуваат пасивноста при која ништо не се случува и многу им е подобро да живеат со „полна пареа“ и под стрес, отколку неинтересно. Дури и кога им е досадно, сами ќе измислат ситуација, или пак ќе предизвикаат караница, само да им се случува нешто. Лек за досадата најчесто им се другите луѓе, заедничката забава или пак започнување нови проекти.

Рак – За него досадата е непознат поим

Припадниците на овој знак како да се имуни на досадата, и тоа благодарение на талентот со кој можат во сè да пронајдат забава. Во периодите кога ништо интересно не им се случува, ќе пронајдат хоби во вид на работа, набљудување други луѓе, озборување со блиските пријатели или гледање добри филмови и документарци на телевизија.

Лав – Ќе ја преспие досадата

Припадниците на овој знак не се имуни на досадата, но имаат едно многу згодно решение за неа – а тоа е мрзливоста во која уживаат. Обожаваат да лежат, спијат или со часови да се сончаат на терасата на некое кафуле, а тоа им одговара сè додека не се претвори во секојдневие. Тогаш досадата почнува да ги нагризува, а забава ќе очекуваат од својот љубовен партнер. А ако го немаат? Па, ќе го побараат.

Девица – Има стратегија против досадата

Овој знак не го сака чувството на бескорисност, излежување и недостаток на планови, освен ако се одлучат да се досадуваат на одмор. Нивната забава, дури и онаа најобичната како што е одење во продавница, е однапред испланирана. Но, ако другите им ги променат плановите, а не понудат алтернатива – ќе се налутат. Тогаш, со тешко срце, ќе се одлучат да го исполнат денот со домашни обврски.

Вага – Нејзината колебливост ја доведува до досада

Припадниците на овој знак често се наоѓаат во ситуации каде што ни тие самите не знаат што сакаат, па на пример, ќе посакаат забава со многу луѓе, но потоа ќе им досади, па ќе сакаат да одат дома и да гледаат ТВ. Поради ова двоумење, најчесто не прават ништо и им станува досадно. За среќа ова чувство трае кратко, бидејќи се окупираат со што било за да работат.

Скорпија – Досадата ѝ е прилика за одмор

Овој знак потајно посакува прилика за мир, осамување и уживање во активностите, вклучувајќи го и хобито што другите луѓе околу неа не го разбираат. Компјутери, стрипови или само лежење се активности резервирани за моментите на досада и тогаш тие нема да чувствуваат никаква нервоза за она што го пропуштаат, бидејќи во нивниот живот секогаш се случува нешто интересно.

Стрелец – Досадата тешко му паѓа

Припадниците на овој знак се многу активни, па затоа досадата им го подига притисокот, а поради чувството за неможност за забава ќе се претворат во работохоличари за да го исполнат своето слободно време. Притоа ќе извршуваат некои небитни задачи, а во својата глава ќе планираат некое дружење, спортска забава или патување, па тоа ќе им даде сила и ќе ги смири.

Јарец – Има контрола над досадата

Припадниците на овој знак го сакаат чувството на контрола во сè, па така и во справувањето со досадата, а се плашат само ако немаат алтернатива. Најчесто самите ќе дадат сè од себе за да организираат некое дружење и да се забавуваат на кој било начин, а на патот нема да им застанат ниту финансиските тешкотии. Нема да му смета и сам да седне во некое кафуле или да оди на прошетка. Сè додека се движат е добро.

Водолија – Осаменоста ѝ е симбол за досада

Изразено социјализираните припадници на овој знак поимот досада го поврзуваат со тоа да се препуштени сами на себе, без ниту еден проект на кој може да му се посветат. Инаку, тие можат да изгубат часови на изработување на нешто, но штом тоа помине, под итно им треба доза дружење. Ако им е досадно стануваат песимистични.

Риби – Досадата им е прилика за сонување

Иако на припадниците на овој знак, исто како на Водолиите, им треба дружење, во периодите на досада нема да очајуваат. Во можност се да сонуваат и да планираат далечни случувања во иднината, како на пример, уредување на станот кој го немаат, свадба со партнерот кој сè уште го немаат сретнато и слично. Таквата бујна мечта, како и Раковите, ги прави поприлично отпорни на негативните влијанија од досадата.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар