Како се однесува секој хороскопски знак додека е во изолација?
Додека експертите од сите страни апелираат да останете дома, прочитајте како се однесува секој хороскопски знак додека е во изолација.
1. Овен
Овенот ќе купи сè за себе, но не премногу, туку само колку да не се грижи дали има доволно. Најважно е да биде безбеден и да не мора да излегува надвор за сè што му недостасува. Затоа, тој прави посебен список за себе, иако живее со семејството.
Сепак, тој треба навистина да размисли колку работи му се потребни затоа што може да се случи да потроши сè што има прилично брзо. Но, ако некој е подготвен во оваа ситуација, тоа е дефинитивно Овенот. Ако го замолите да ви покаже што подготвил за карантинот, тој едвај чека да видите како се подготвил.
2. Бик
Бикот не планира да ја напушти својата куќа непотребно, но тој може да остане во изолација само ако има храна.
Припадниците на овој хороскопски знак понекогаш избираат да одморат и да не се гледаат со другите луѓе затоа што тоа им е исцрпувачко. Ним им е доволно да имаат храна за еден месец, само да не бидат гладни.
За време на изолацијата, овие личности може повторно да гледаат некоја серија од првата сезона, а тоа ќе ги направи многу среќни.
3. Близнаци
Постојат два вида Близнаци. Едните ги уредуваат книгите и весниците на различни начини: она што треба да се прочита, она што е прочитано, според боите и големината.
Другите без престан разговараат по телефон со сите затоа што изолацијата мора да помине некако, а вака ќе помине најбрзо. Овие личности им се јавуваат на сите пријатели и роднини со кои не се слушнале долго време затоа што мислат дека сега е време за тоа.
4. Рак
Во домот на Ракот може да настане паника само ако нешто недостасува. Но, тоа нема да се случи затоа што тој е подготвен за секоја ситуација.
Тој ќе ги покани сите роднини во својот дом за да не му биде здодевно.
Светот на Ракот сега е во кујната и во креветот и тој сака да ужива во сето она што го обезбедил. Удобноста на домот е негов приоритет во секоја ситуација и тој ќе ви ги даде најдобрите совети што да правите дома кога веќе немате идеи.
5. Лав
Лавот сака да се изолира иако тоа му е тешко, но тој навистина се грижи за себе затоа што најмногу се сака себеси. Секако, секогаш ќе има некој што ќе дојде во неговиот дом мислејќи дека е време за забава, а не за карантин.
На Лавот не му е лесно, но тој мора да се откаже од вниманието на другите луѓе. Меѓутоа, сигурно ќе објавува на социјалните мрежи сè што му се случува во текот на денот.
6. Девица
Девицата сигурно набавила асепсол, алкохол и маски. Таа не го набавила сето тоа сега, туку пред неколку месеци.
Девицата е подготвена на сè, на секоја ситуација за која никој не е подготвен. Исто така, таа знае каде да најдете сè што ви недостасува.
7. Вага
На Вагата и е важно да не е сама бидејќи таа не може да издржи да биде изолирана. Но, ако веќе мора да биде во изолација, таа многу лесно ќе најде што да прави.
Ако има партнер, тогаш тој ќе стори сè што може за неа затоа што таа веќе направила список. Сепак, Вагата не отстапува од своите правила, од грижата, од шминката и од дотерувањето, дури и кога никој не ја гледа.
8. Скорпија
Скорпијата е подготвена за сè, но психички. На припадниците на овој хороскопски знак не им треба ништо, бидејќи каде и да ги оставите, тие ќе се снајдат. Тие лесно ја прифаќаат изолацијата и се подготвени на тоа, а кога треба да дојдат непосакувани гости, овие личности нема да одговорат на повиците или нема да ја отворат вратата.
Скорпијата знае што може да се случи во светот и знае дека е подобро да остане во својот дом. Тоа е причината зошто таа лесно ја поднесува изолацијата, а за тоа време ќе може да ја среди куќата како што замислувала без некој да ѝ пречи.
9. Стрелец
Стрелецот многу лесно го испланирал својот процес на изолација. Што се однесува до него, ова е заслужен одмор на кој ќе работи за подоцна да може да патува. Тој ќе ги испланира сите патувања.
Стрелецот лесно ја поднесува изолацијата само ако има работи што ќе го забавуваат: Интернет, книги, домашен велосипед – тоа му е доволно за да ужива, без разлика дали е сам или со некој друг.
Покрај него, никому не му е тешко затоа што тој ги расположува сите, па ако сте во изолација со него, времето ќе ви помине многу брзо.
10. Јарец
Јарецот сфаќа сè сериозно, дури и изолацијата. Тој ќе направи план за работа, како ништо да не се случува и ништо не смее да отстапува од распоредот.
Ако работи, Јарецот ќе ја поднесе изолацијата многу полесно затоа што така нема да му биде здодевно. Ако не работи, тогаш ќе среди некои работи во куќата што ги одложува со години, затоа што кога ќе го направи тоа ако не сега.
11. Водолија
Водолијата сака да биде сама, но во исто време сака и да се дружи ако има време. Бидејќи сега ќе има многу време, ќе ѝ недостасуваат пријателите, но таа може да организира кафе со некого преку Интернет.
Таа сега ќе разработи некои идеи што ги има за работата и подоцна ќе ги спроведе на дело.
Сепак, повеќето Водолии работат од дома или можат да работат преку Интернет, така што нема да имаат многу промени како останатите. Овие личности не сакаат забрани, но откако ќе ги прифатат, времето ќе помине побрзо.
12. Риби
Рибите сакаат да се дружат, но не постојано, туку само кога ним им одговара. Тие ќе се погрижат сите да имаат храна и лекови, па ако може да помогнат, ќе бидат дел од волонтерските тимови.
Рибите нема да покажуваат загриженост затоа што знаат дека тоа нема никому да му помогне. Тие лесно ќе ја поминат изолацијата ако пронајдат добри серии, филмови, ако слушаат музика или ако цртаат.
Прочитајте како се однесуваат хороскопските знаци и кој паничи, а кој не се грижи кога ќе почувствува некакви симптоми.