Како ќе ни влијае сезоната на знакот Водолија од 20 јануари до 19 февруари?

Како ќе ни влијае сезоната на знакот Водолија од 20 јануари до 19 февруари?

На 20 јануари Сонцето ќе транзитира низ Водолија. Нејзината енергија ќе биде исцелувачка, ќе го крене превезот со тешките емоции и на тој начин ќе ни помогне да го видиме светот од поинаква перспектива.

Како ќе ни влијае сезоната на знакот Водолија од 20 јануари до 19 февруари?

Како што ќе излеземе од владеењето на знакот Јарец, ќе се чувствуваме послободни и ќе бидеме охрабрени да ги обмислуваме нештата со поголема имагинација.

Во текот на владеењето на Јарецот моравме да преземеме практични чекори и да ги разјасниме нашите цели. Го одредивме патот по кој треба да чекориме, но сега во претстојната сезона на Водолија може малку да отстапиме и да видиме каква нова инспирација нè чека!

Имаме свои темели, па сега можеме да ги рашириме крилјата! Можеме да се изразиме, можеме да ја напуштиме стабилноста на патот, знаејќи дека секогаш можеме да се вратиме на него подоцна ако е потребно. Слободни сме да патуваме и истражуваме; ние сме слободни да се отвориме кон повисоките сфери на нашата имагинација.

Енергијата на знакот Водолија нè поттикнува да тргнеме по она што го сакаме. Таа ни дава поттик и да го изразиме своето вистинско „ јас“ во светот.

Сонцето ја претставува нашата сопствена внатрешна светлина, а додека се движи во Водолија ќе ни биде поттик и за нови и инспиративни мисли, промени и нови начини на гледање на работите.

Владеењето на Водолија во 2023 година е исто така посебен момент затоа што сите главни планети ќе почнат да се движат директно од 22 и 23 јануари па понатаму. Тоа ќе ни пружи енергија да ги довршиме сите започнати проекти и задачи. Ова ќе биде и одличен период за да преземеме акција со цел да ги постигнеме посакуваните цели во 2023 година.

Младата месечина во Водолија на 21 јануари исто така ќе донесе бранови на свежа енергија и ќе биде почеток на лунарната нова година.

Оваа полна месечина, прва во лунарната година, ќе нè потсети да ги исфрлиме сите стари непотребни мисли и верувања.

Во текот на овој период размислете за начините на кои можете да внесете малку леснотија во вашиот живот, кои емоции ве држат заглавени и како можете да се издигнете над сите нив.

Еден од начините на кои сезоната на Водолија нè охрабрува да го правиме тоа е преку птичја перспектива на работите што се случуваат во нашите животи. Кога летаме високо и гледаме во нашите животи можеме да стекнеме нова перспектива и да се потсетиме дека овој живот е дел од многу поголема сложувалка што е речиси невозможно навистина да се разбере.

Сите ние доаѓаме на овој свет за да оствариме некаква мисија. Сите ние доаѓаме овде да дадеме и да примиме љубов.

Животот е само сон, а владеењето на Водолијата нè поттикнува да ја погледнеме пошироката слика, да се тргнеме од својот пат и да престанеме да се фокусираме само на себе.

Сите ние сме заробени во мислата за сопствениот живот и сопствената тага што забораваме дека не се работи само за нас.

Енергијата на знакот Водолија нè поттикнува да ја кажуваме нашата вистина, но сака и да создадеме заедница и да размислуваме за тоа како нашите постапки и зборови влијаат на оние околу нас. Многу е важно да ја кажеме нашата вистина, но исто така е толку важно да се погрижиме тоа да го правиме со љубезност, емпатија и сочувство кон другите.

Секој од нас има одговорност да го направи овој свет побезбедно и посреќно место за секое растение, животно и човек преку нашите мисли, зборови и постапки, а тоа е пораката што сака да ни ја остави овој хороскопски знак.

На планетата Земја ѝ е потребна нашата поддршка повеќе од кога било досега, а единствениот начин на кој можеме да ѝ помогнеме е да бидеме свесни и да преземеме одговорност за нашите постапки.

Водолијата исто така ќе ни даде можност да ги зацврстиме врските и односите со луѓето околу нас. Понекогаш може да ни изгледа страшно да побараме помош или да ги споделиме нашите искуства со другите. Но, ако си дозволиме за миг да бидеме ранливи и да ја покажеме нашата вистинска природа, тоа може да доведе до продлабочување на нашите односи со другите. Да не заборавиме дека во сиот тој процес на себеспознавање ја имаме сета поддршка на универзумот!

Откако прочитавте за претстојната сезона на знакот Водолија, можеби ќе сакате да прочитате и кои 5 хороскопски знаци ги очекува голема среќа на љубовен план во 2023 година.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар