Како ќе ни влијае ретрограден Меркур до 15 септември?
До 15 септември ќе трае периодот на ретроградната фаза на Меркур, а тоа ќе има големо влијание врз нашите животи; меѓу другото, тоа ќе влијае и на нашите односи. Прочитајте повеќе за неговото влијание во продолжение.
Нема да размислувате толку јасно
Во овој период ќе ви биде потешко да носите рационални одлуки и често ќе наидувате на погрешни толкувања. Бидете внимателни и сфатете дека не можете да ги читате мислите на другите луѓе – можеби некој размислува сосема поинаку од вас.
Чудни настани
Ќе владее необична атмосфера, а тоа ќе се одрази и на врските. Може да има необјаснива напнатост или непријатни ситуации. Можеби, на пример, поранешниот партнер повторно ќе ве контактира од ведро небо, или навечер ќе го сонувате. Обично се работи за врски во кои останало нешто нерешено.
Потреба за осаменост
Често се случува за време на ретроградниот Меркур да сакаме повеќе време да поминуваме сами. Како резултат на тоа, ќе имаме помал интерес за социјални настани, прослави и состаноци.
Проблеми во комуникацијата
Како што веќе споменавме, за време на ретроградниот Меркур, типично е да се има пребрзо погрешно расудување и само-интерпретации. Токму затоа се појавуваат многу проблеми и конфликти. Бидете внимателни и изразете се што е можно појасно – кога разговарате со другите, поставувајте прашања и не создавајте сопствени приказни.
Одложување
Периодот се карактеризира со доцнење. Така што, не чудете се доколку ги пропуштите рокови на работа или задоцните на состанок.
Површни односи
Доколку во овој период запознаете нова личност, поверојатно е вашата врска да остане површна и да не прерасне во сериозна врска. Дури и ако во овој период одржувате контакт со поранешниот партнер, шансите за повторно започнување на врската се помали.
Тешкотии во донесување одлуки
Можеби ќе имате тешкотии да донесете важни одлуки. Дури и ако одлучите да направите нешто, има големи шанси да го промените мислењето или дури да зажалите за одлуката. Во овој период, најдобро е да се избегнува донесувањето важни одлуки, дури и во поглед на врските.
Сепак, важно е да бидете трпеливи кон себе и со другите во овој период. Имајте отворен ум и слушајте ги другите. Обидете се да ги разберете нивните гледишта и поставувајте прашања ако нешто не разбирате. Но, исто така, слушајте се и себеси; посветете си доволно внимание и љубов за време на ретроградниот Меркур.
Откако прочитавте како ќе ни влијае ретрограден Меркур до 15 септември, можеби ќе сакате да го прочитате и хороскопот за оваа недела.
Извор: sensa.mondo.rs