Како ќе ни влијае полната Месечина во Водолија на 1 август?

Како ќе ни влијае полната Месечина во Водолија на 1 август?

Полната Месечина во знакот Водолија ќе настапи на 1 август во 19:32 часот. Бидејќи лунарниот циклус трае 29,5 дена, тоа значи дека на 30 август нè очекува уште една полна Месечина и тоа во знакот Риби. Двете ќе бидат супер месечини, што значи дека ќе бидат поблиску до Земјата и ќе ги чувствуваме посилно нивните ефекти.

Како ќе ни влијае полната Месечина во Водолија на 1 август?

Полните месечини, но особено супер полните месечини, ни го насочуваат вниманието кон она од кое треба да се ослободиме. Тие ни помагаат да осознаеме што е тоа што треба да го отстраниме од животот за да продолжиме да се развиваме во вистинската насока.

Тие укажуваат на исклучително силна желба да се ослободиме, исчистиме, и да ставиме крај на сето она што повеќе не одекнува во нашето битие.

Полната месечина на први август паѓа во знакот Водолија и е совршена почетна точка за „создавање простор“. Содржи слатки, лековити вибрации, кои ќе ни помогнат нежно и со љубов да се подготвиме за да се ослободиме од сè што е тешко.

Веројатно ќе почувствуваме силни исцелителни вибрации, особено кога станува збор за прашања од срцето. Оваа енергија дополнително ќе се интензивира бидејќи Венера, планетата на љубовта, ќе биде во ретроградна положба.

Ќе бидеме свесни додека болните емоции, таги и разочарувања полека ќе излегуваат на површина. Можеме да се чувствуваме особено емотивно и чувствително, и иако може да бидат доста интензивни чувствата, веројатно ќе почувствуваме чувство на олеснување кога ќе поминат.

Енергијата на Водолијата, пак, може да ни помогне да пристапиме со одредена доза на логичност за да можеме да ја донесеме најдобрата одлука.

Се разбира, процесот нема да биде секогаш толку лесен, но треба да знаеме дека имаме лековита енергија на наша страна. Месечината ќе ни ја даде неопходната поддршка, особено доколку постојат одредени работи на кои сакаме да им ставиме крај.

За време на оваа полна Месечина би било особено корисно да воспоставиме хармонија со светот околу нас, да поминуваме повеќе време во природа и да користиме лековити намирници и билки.

Ова е идеален момент да ја искористиме енергијата на Месечината за чистење, детоксикација и исфрлање на негативните мисли од вашето битие. Бидејќи енергијата на Водолијата ќе биде силна под оваа полна Месечина, можеме да ја искористиме за да ги трансформираме густите, тешки, негативни енергии околу нас во нешто полесно, понадежно и пољубезно.

Немаме контрола врз она што се случува во светот околу нас, немаме контрола врз настаните што се одвиваат, но имаме контрола врз тоа како се справуваме со работите и на што ја посветуваме нашата енергија.

За време на оваа полна Месечина насочете ја вашата енергија кон сето она што ве исполнува. Дозволете вашето срце да зрачи како Месечината, да биде големо, светло и полно.

Откако прочитавте за влијанието на полната Месечина на 1 август, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае Уран до 28 август 2023 година.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар