Како ќе ни влијае полната Месечина во Јарец до 15 јули?

Како ќе ни влијае полната Месечина во Јарец до 15 јули?

Месечината ги претставува нашите емоции, а Јарецот е сè освен емотивен. Тој е трезен и ладен. Така, за време на полната Месечина во Јарец имаме можност да ги решиме проблемите кои ни предизвикуваат емоционална нестабилност. Затоа, да размислиме кој или што е тоа што нè прави лути, тажни или под стрес. Можеби тоа е ситуација на работа или во семејството, или некоја личност нè прави емоционално неурамнотежени.

Како ќе ни влијае полната Месечина во Јарец до 15 јули?

Јарецот е последниот земјен знак, па затоа претставува остварување и постигнување цел на материјално ниво. Бидејќи без заземјување, нашата цел би останала само идеја или имагинација, а за да го постигнеме она што го сакаме, потребни ни се цврста материја и земја.

Значи, Јарецот е тој што ја претставува материјализацијата на сите наши желби. Таквото заземјување бара одговорност, посветеност, организација, напорна работа, а сите овие карактеристики се поврзани со знакот Јарец. Секако, би било идеално да не се работи само за материјални достигнувања, туку тоа богатство да се манифестира и преку богатството на духот.

Јарецот е многу реален знак, но во него има многу стравови и песимизам. Па, може да нè совладаат стравови поврзани со светската криза и сиромаштија… Не смееме да им се предадеме на стравовите и таквите мисли, бидејќи она што ни е во главата е она што се случува во нашиот реален свет. Можеме да фантазираме за среќа и убави работи, но сè додека во главата има страв, осуда, незадоволство, гнев, омраза, нашите желби нема да се остварат.

Има уште еден феномен – некои луѓе всушност посакуваат криза, недостиг и апокалипса. Тоа се најчесто оние кои имаат финансиски проблеми или се незадоволни од животот поради други причини. Па мислат дека ако дојде до криза сите ќе бидат несреќни како нив.

Затоа, погледнете се во огледало и препознајте ги вашите доминантни мисли и емоции. Анализирајте го вашиот живот и почнете да работите за да ја промените ситуацијата доколку не сте задоволни со она што го гледате. Вибрациите неизбежно ќе се променат, ќе почувствувате љубов и радост, а надворешните околности ќе се променат. Ќе почнете да се поврзувате со луѓе кои се во иста состојба на свест и тоа ќе придонесе за ширење на таа позитивна енергија.

Идејата за свет во кој ќе владее само љубов и радост е утопија, тоа е нешто невозможно. Затоа, не треба да се негираат негативностите, напротив, треба да се забележуваат и да се посочуваат, но не смееме да им дозволиме да нè надвладеат. Само на тој начин нашиот живот би имал некаква смисла.

Откако прочитавте за влијанието на полната Месечина во Јарец до 15 јули, можеби ќе сакате да прочитате и како ќе ни влијае транзитот на Марс во Лав до 10 јули.

Извор: atma.hr


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар