Како ќе ни влијае Јупитер во Овен до 16 мај 2023 година?

Како ќе ни влијае Јупитер во Овен до 16 мај 2023 година?

По втор пат оваа година, Јупитер го започна својот транзит во знакот Овен кој ќе трае сè до 16 мај следната година.

Како ќе ни влијае Јупитер во Овен до 16 мај 2023 година?

Астролозите посочуваат дека е можно некои од искуствата кои ги имавме од мај до крајот на октомври годинава да се повторат во следните два месеци. Со други зборови, и во овој период ќе имаме можности за нови искуства и знаења.

Тоа значи и дека во овој период ќе можеме да започнеме нешто што би можело да биде особено значајно за нас во наредните години. Бидејќи Марс во моментот е ретрограден, а наскоро и Меркур ќе ја започне својата ретроградна фаза, можностите ќе почнат да се манифестираат појасно и да се движат напред по 18 јануари. Дотогаш планирајте, договарајте, организирајте, и поставете нови цели во вашиот живот.

Почнете од себе, со она што е најдобро за вас. Следете го тој внатрешен глас што ви го покажува патот, покажете храброст и вера, одете напред и не се откажувајте. Дозволете му на Јупитер да ви пружи енергија полна со страст и ентузијазам.

Да не заборавиме дека сите имаме можност за личен раст. Од нас зависи дали ќе продолжиме со старите навики и ќе се жалиме дека сè е лошо или ќе ги промениме животните околности преку сопствената промена. Секоја промена почнува од нас самите!

Откако прочитавте за влијанието на Јупитер во Овен во следниот период, можеби ќе сакате да прочитате и кои хороскопски знаци ги очекуваат големи животни пресврти во 2023 година.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар