Како Јарецот може да стане подобар партнер во врската?

Како Јарецот може да стане подобар партнер во врската?

Јарецот е тврдоглав хороскопски знак и не треба да дозволи неговата тврдоглавост негативно да влијае врз сите сфери од неговиот живот, особено врз љубовта. Во продолжение прочитајте како Јарецот може да стане подобар партнер во врската.

Како Јарецот може да стане подобар партнер во врската?

Не дозволувајте вашата работа да има негативно влијание врз вашата врска, па затоа како што ѝ се посветувате на кариерата, така посветете му се и на партнерот. Мора да вложите напор за вашата врска да продолжи да се развива, затоа негувајте ја. Посветете му повеќе време на партнерот, опуштете се и покажете му дека можете да се забавувате.

Не треба постојано да ја планирате врската и времето поминато со партнерот. Престанете да ги контролирате нештата и оставете работите да течат природно. Разведрете се и уживајте во времето што го поминувате заедно.

Мотивирани сте и амбициозни, па сакате да му помогнете на вашиот партнер да успее повеќе од вас. Го терате и тој да биде поамбициозен. Му всадувате мали идеи во главата и очекувате тој да ги исполни. Треба да не го притискате саканиот и да сфатите дека идејата за успех е различна за секого. Верувајте, вашиот партнер веќе го прави она што го усреќува и што го интересира.

Престанете да „родителствувате“ и да му кажувате што и како да прави. Тоа го излудува и го оддалечува од вас. Однесувајте се кон партнерот како кон возрасен, каков што и е. Но, престанете да го третирате и како свој личен асистент.

Треба да сфатите дека го немате секогаш вистинскиот одговор. Бидете подготвени да го сфатите и гледиштето на вашиот партнер, како и можноста за компромис. Не сте секогаш во право. Мразите да губите, но мора да бидете подготвени да прифатите и пораз кога грешите.

Понекогаш сте фокусирани само на вашите цели, па ви недостига емпатија кон саканата личност. Сочувствувајте и бидете емотивно поотворени кон неа.

Престанете да бидете толку „тешки“ кога станува збор за откривање на вашите емотивни проблеми. Дозволете му на партнерот да го истражи вашето срце. Тој се бори со вашето студенило, па затоа покажете му дека всушност не сте такви.

Не глумете дека знаете сè, таквото однесување го обесхрабрува партнерот.

Треба да научите како да простувате и заборавате. Престанете да му префрлате на партнерот за нешта кои се случиле во минатото.

Немојте агресивно да му ги наметнувате вашите уверувања и вредности. Не постои точно и погрешно, сè е во начинот на кој вие ги согледувате нештата.

Можеби сакате да дознаете и кои хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во 2020 година?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар