Јарец и водолија – љубовна комбинација
Кога ќе се спојат јарец и водолија во љубовна врска, тие настојуваат да си ги извлечат позитивните работи еден од друг. Јарецот е попретпазлив, со рационален поглед на животот, додека водолијата е нестабилна, грижлива и со идеалистички пристап кон скоро сè. На површината, може да изгледаат како тотално спротивни луѓе, но штом се „шмекнат“ еден со друг, се формира нераскинлива врска.И јарецот и водолијата можат да бидат тврдоглави до степен што ниеден од нив да не биде желен да направи компромис. Јарецот тежнее да биде организиран и секогаш размислува за последиците. Водолијата е модерна и смета дека рутините се проблематични и здодевни.
Јарецот ќе и се воодушевува на водолијата, но може да се исфрустира барајќи логика во мистичниот, неорганизиран ум на неговиот партнер. На водолијата нема да и се допадне доминантноста кај партнерот, но ќе се чувствува фино поради поддршката која тој и ја дава и ќе и олесни што конечно има некој во нејзиниот живот кој се грижи за нејзините лични проблеми и чувства.
И јарецот и водолијата се раководени од планетата Сатурн, додека таа е и од Уран. Сатурн е ладен, со традиционална енергија. Влијае на ориентирање кон постигнување на целите и напредно размислување. Уран пак, се однесува на сè што е различно и необично.
Јарецот ќе и покаже на водолијата живот базиран на организација, рационалност и комфор. Водолијата пак, може да му помогне на својот јарец да научи да „сонува“ и повеќе да се залага за своите верувања.
Водолијата го истражува животот низ случајности, а јарецот секогаш очекува специфичен резултат. Понекогаш, овие два партнера можат да го сфатат размислувањето на другиот. Може да се појават и конфликти доколку јарецот е многу строг или доколку водолијата се занесе по чести патувања и „фенси“ живот.
Двата партнери мора да сфатат дека секој од нив си го живее животот на уникатен начин, но ова е добро бидејќи вака тие секогаш ќе имаат многу различни работи да си споделат меѓу себе. И двајцата знаат да бидат тврдоглави и да поседуваат силен мотив за да го добијат она што го сакаат. Доколку имаат план, ќе се држат до него, сè додека не се оствари замисленото.
Јарецот сака да си дава идеи и да раздава задачи. Водолијата со срце ќе сака да му помогне, доколку тој и даде конкретна улога во работата. И во нивната заедничка работа може да произлезат конфликти од истата причина, тврдоглавоста присутна кај двата знака. Но, ова ќе се избегне доколку тие сфатат дека работат заедно за постигнување на заедничка цел и само на овој начин ќе ги видат посакуваните резултати.
Најдобриот аспект од љубовното гнездо сочинето од јарец и водолија е нераскинливата врска која ја имаат откако стапиле во љубовно партнерство. Оваа врска ќе биде корисна и задоволувачка за партнерите. Нивната љубов ќе биде од значење не само за нив самите, туку и за сите околу нив.
може љубовна комбинација за јарец – стрелец и јарец – лав?? 🙂
Тие комбинации се веќе објавени. Повелете линк: http://goo.gl/cmCDY
Tnx anyway.. 😀
moze li ljubovna kombinacija za ribi i vodolija….?
Секако дека може Светлана. Токму сега е периодот на водолија, а комбинацијата со риби е последна зошто риби е 12 знак. Тоа значи дека некаде во првата декада од февруари ќе ја објавиме таа комбинација.
ok fala vi mnogu..:D
Navistina e tocno :
Sekoj del e vistina… !! =)
da sve e vistina sto e kazano,ima i tvrdoglavost i ljubov ima zivot kakov sto sakame:)
huhuhhu tocno…<33!