Хумористичен и саркастичен приказ на карактерните црти на секој хороскопски знак

Хумористичен и саркастичен приказ на карактерните црти на секој хороскопски знак

Овој хумористичен приказ на вашиот карактер е забавен, но размислете колку има вистина во сето ова затоа што овој опис не е сосема случаен.

Хумористичен и саркастичен приказ на карактерните црти на секој хороскопски знак

Овен

Припадниците на овој хороскопски знак се посесивни и сакаат да му ја одземат слободата на партнерот, а за себе сакаат цел харем.

Тие не признаваат пораз сè додека не се уништат психички. Овие личности сакаат сè да биде по нивно, не знаат за тактика и се разболуваат од чекање. Кога ќе видат дека сте биле во право, нема да признаат затоа што тие никогаш не ги признаваат своите грешки.

Овните се себични и агресивни, не го користат мозокот, не поседуваат емоционална интелигенција, не се препуштаат на партнерот и не го следат. Во животот завршуваат со кретен затоа што нивниот избор на партнер е ужасен и подоцна се прашуваат зошто се измамени или оставени. Им треба многу долго време да ги сфатат работите, ако воопшто се случи тоа некогаш.

Бик

Самозадоволни, тивки и здодевни личности, а нивниот најголем психички проблем е што немаат никакви проблеми. Сè им е погодено и немојте да им пречите со своите проблеми затоа што тие немаат такви проблеми. Ним треба да им создадете проблем за животот да им биде поинтересен.

Нивниот мир е совршен сè додека не се претвори во манично лудило, а кога ќе ги изнервирате, тие ќе ве нападнат и нема да ве спасат ниту вашите извинувања.

Близнаци

Близнаците се главни озборувачи и предавници кои се менуваат на секои 10-15 минути, луѓе со сто лица, глумци и нарциси со површен поглед на животот.

Ретко се случува да бидете на листата со приоритети кај овие личности. Тие секогаш ќе прават планови за да бидат со некој друг, отколку со вас. Близнаците можат да бидат со повеќе од една личност истовремено. Добрата страна е што кон сите се однесуваат како што се однесуваат кон вас. Имате работа со личност која не е во состојба да постигне квалитет, туку само квантитет.

Но, тоа што од Близнаците не добивате ништо не значи дека и тие не очекуваат ништо од вас. Сепак, тие се само евтини, себични кретени, вешти во зборувањето и зборовите се единствената валута што ја имаат и со која сакаат да земат од вас сè што имате.

Рак

Посесивни лудаци кои се навредуваат ако не им посакате „добро утро“ со соодветна интонација. Тие го менуваат расположението и многу им е важно да го изневерат партнерот. Ако ги обвините дека лажат, тие ќе плачат и ќе негодуваат со години. Ракот го менува својот карактер од крајност во крајност – еден ден се претвора во вашиот најлош непријател, а следниот ден е старата личност со лесна амнезија.

Ако сакате да имате темпирана бомба покрај вас што редовно ќе експлодира во вашето лице на секои неколку дена, Ракот е идеален избор за вас. Само зачленете се во некој ловџиски клуб затоа што еден ден ќе ви затреба пушка.

Лав

Арогантни, вообразени и напорни потценувачи. Лавовите навистина веруваат дека нивното влегување во просторијата е придружено со рефлектори и дека секогаш има барем по една личност во секоја просторија што ги обожава.

Вистината е дека секогаш има само една таква личност – тие самите. За да бидете со личност родена во овој хороскопски знак, мора да научите да се согласувате со сè што ќе каже таа и да ја обожавате без причина.

Девица

Опсесивно-компулсивни невротици, кои се ослободуваат од стресот со чистење на станот. Припадниците на овој хороскопски знак не знаат за љубов, немаат емоции и сè се сведува на секс. Само роботот може да биде поладен од Девицата.

Со Девицата сте сигурни во една работа – еден ден ќе ви забие нож во грб. Таа постапка ќе биде промислена, анализирана и потврдена како најдобра опција за неа. Игра толку добро што вие нема да забележите дека таа со денови или месеци пресметува дали е време да ве отстрани од својот живот.

Припадниците на овој хороскопски знак се нарциси кои се грижат само за својот изглед и се во потрагата по совршенство. Девицата во себе нема страст, нежност и топлина, а солзите што ги пролева се затоа што тагува за себе.

Немојте нејзините моменти на губење на контролата да ги измешате со емоциите. Овие личности се верни само на себе и ги исклучуваат сите други луѓе.

Продолжува на следната страница


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар