Хороскопски знаци кои чекаат некој друг да го направи првиот чекор

Хороскопски знаци кои чекаат некој друг да го направи првиот чекор

Начинот на кој луѓето почнуваат врска не зависи само од нивниот знак, туку и од Венера, планетата на љубовта и врските, Марс, планетата која диктира како луѓето преземаат акција, па дури и Меркур, планетата на комуникацијата. Па поради ова секој знак си има силни и слаби страни кога станува збор за врските. Од друга страна пак, само затоа што некој не го прави првиот чекор, не значи дека нема моќ или автономија во врската. Со овие 3 знаци најверојатно ќе треба да го направите првиот чекор, но штом ќе го направите тоа, тие ќе имаат многу да ви кажат.

horoskopskite-znaci-koi-chekaat-nekoj-drug-da-go-napravi-prviot-chekor-kafepauza.mk

Рак

Раковите премногу внимателно им приоѓаат на сите ситуации. Ако сте заинтересирани за некој Рак, мора вие да го направите првиот чекор. Немојте да бидете премногу нападни кога ќе се обидувате да го заведете бидејќи може да го исплашите. Но може и да станете здодевни, па Ракот да се тргне од вас. Најдобриот начин да го направите првиот чекор е да ги прашате дали е во ред да ги бакнете во вистинскиот момент. Ако добиете потврден одговор бидете нежни и бавни.

Близнаци

На почетокот на врската можеби вие ќе бидете најпривлечни за нив, но Близнаците сигурно ќе флертуваат и со некој друг. Тие сакаат кога луѓето умираат за нивното внимание и нема да го направат првиот чекор. Дури и кога ќе им кажете дека сакате сериозна врска, можно е да бидат отсутни уште некое време. Но ако ги запознаете подобро, ќе сфатите дека и Близнаците сакаат да бидат сакани. Бидете опуштени и почекајте тие сами да се вратат кај вас.

Скорпија

Врската со Скорпиите е како навистина долга партија шах. Ако прерано го направите првиот чекор, ќе ги изгубите сите фигури уште пред да почне играта. Скорпиите имаат потреба да контролираат, но нема да ви се отворат ако не се сигурни дека се безбедни. Исто така тие никогаш нема да започнат разговор за сериозна врска бидејќи навистина се плашат од одбивање. Ако сакате да бидете со Скорпија, потребно е да го направите првиот чекор со тоа што ќе ѝ покажете дека сте достапни. Потоа направете да мисли дека всушност таа ви пристапила вам. На овој начин ќе мисли дека контролата е во нејзините раце.

Дознајте зошто немате среќа во љубовта според вашиот хороскопски знак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар