Хороскопот советува: Останете сингл додека не сте дел од ваква врска
Сите имаме право да ја најдеме вистинската личност со која ќе одлучиме да го делиме остатокот од животот. И сите имаме право да бидеме во врска која ќе ни го дава сето она што ни е потребно, без разлика на астрологијата, без разлика на хороскопскиот знак. Сепак, врз основа на знакот во кој сме родени, постојат одредени работи за кои не треба да правиме компромис во врските. Најдете го вашиот знак и прочитајте кои се тие.
Овен
Останете сингл додека не сте во врска во која секој ден ќе ви биде поинаков од претходниот – во која ќе се чувствувате како да не сте престанале да растете… Додека не најдете партнер кој секогаш ќе сака да испробува нови нешта со вас, а вие нема да се плашите од долгорочно врзување бидејќи со него се чувствувате поинаку, сосема спротивно од „скрасување“ со една личност.
Бик
Останете сингл додека не сте во врска во која ќе се чувствувате безбедно и стимулирано во исто време – врска во која ќе се чувствувате љубено и почитувано од својот партнер, додека тој истовремено ќе ве предизвикува да исчекорите од зоната на комфор во која сте често склони да останете затворени.
Близнаци
Останете сингл додека не сте во врска во која ќе се чувствувате како себеси, бидејќи наместо да мислите дека секогаш мора да ја прикажувате само својата забавна и возбудлива верзија – вашиот партнер ќе ве сака секакви. Тоа значи дека со него би се чувствувале доволно безбедни за да ги покажете и својата ранлива страна и несигурноста.
Рак
Останете сингл додека не сте во врска во која нема да бидете загрижени дека ќе бидете земени здраво за готово, бидејќи сте со некој кој длабоко ги цени вашата сочувствителност и добрина, но исто така сака и да се грижи за вас, наместо постојано вие да се грижите за него/неа.
Лав
Останете сингл додека не сте во врска во која поради вашиот партнер секој ден ќе се чувствувате посилно, охрабрено и поддржано… Врска во која вашиот партнер може да оди во чекор со вас, во која тој е исто толку амбициозен како и вие, но не е заплашен од вашите успеси и кој не ви дозволува постојано да биде по ваше.
Девица
Останете сингл додека не сте во врска во која никогаш не треба да погодувате што се случува во главата на партнерот… Врска во која вашите чувства се ценети и во која сте со партнер кој сака искрен, директен однос и кој е комплетно отворен во врска со тоа колку се грижи за вас.
Вага
Останете сингл додека не сте во врска во која обострано ќе се почитувате – врска во која партнерот нема да ве тера да избирате меѓу него и другите важни нешта во вашиот живот, бидејќи тој е доволно сигурен за да не треба постојано да го уверувате колку ви е важен. Исто така, чекајте ја врската во која ќе можете искрено и директно да си ги изразувате чувствата, наместо да бидете неодредени и непосветени еден на друг.
Скорпија
Останете сингл додека не сте во врска која се базира на искреност – врска во која ќе се чувствувате доволно безбедно за да ги срушите ѕидовите околу вас и во која комуникацијата е приоритет наместо да се чека нештата да се остават да „скапуваат“ зашто останале некажани.
Стрелец
Останете сингл додека не сте во врска во која главниот фокус е радоста, но во која нема да се плашите да имате и тешки дискусии…Врска во која ќе се чувствувате доволно блиски и сигурни за да можете да зборувате за проблемите со кои се соочувате и во која нема да чувствувате притисок дека секој ден треба да се однесувате како да сте среќни дури и кога ви е тешко.
Јарец
Останете сингл додека не сте во врска која истовремено ќе биде и лесна и длабока – врска во која ќе се чувствувате прифатено и сакано вклучително и заради вашите посериозни, амбициозни и резервирани тенденции но во која вашиот партнер ќе ја може да ја извади на површина и вашата будалеста страна и ќе ве засмева на начин на каков што никогаш порано не сте се смееле.
Водолија
Останете сингл додека не сте во врска во која ќе знаете како да си бидете приоритет број еден со вашиот партнер додека истовремено одржувате балансирани животи и надвор од вашиот заеднички… Врска во која знаете кои сте и без другата личност, врска во која никогаш нема да ви биде одземено чувството на независност и она што сте.
Риби
Останете сингл додека не сте во врска во која ќе се чувствувате како да сте си го нашле својот дом – врска во која вашето сочувство никогаш нема да се зема здраво за готово, во која никогаш нема да почувствувате искушение да станете пасивни и во која секој ден ќе бидете разбрани од страна на партнерот.
Прочитајте и кој е најбрзиот пат до срцето на секој хороскопски знак.