Хороскопот открива: Со каква личност никогаш не би биле во љубовна врска?

Хороскопот открива: Со каква личност никогаш не би биле во љубовна врска?

Сите ние имаме одредена листа со приоритети кога се работи за изборот на партнер. Сакаме лојален, трудољубив, добродушен и стабилен партнер со добра смисла за хумор и блескава насмевка. Сите знаеме што сакаме, но дали знаеме што не сакаме? Кои работи никако не би ги прифатиле во врската без оглед на тоа колку критериуми се исполнети? Доколку сѐ уште не сте сигурни околу одговорот, хороскопот може да ви помогне. Прочитајте со каква личност никогаш не би биле во врска според вашиот хороскопски знак…

Хороскопот открива: Со каква личност никогаш не би биле во љубовна врска?

Овен

Овните никогаш не би биле во врска со некој кој веднаш отворено го покажува интересот за нив, ги идеализира и ја уништува секој можност за неизвесност и освојување уште од првиот разменет збор.

Бик

Биковите никогаш не би се заинтересирале за некој кој прави да се чувствуваат емоционално несигурни. Тие не сакаат нестабилни личности кои ќе ги држат во неизвесност уште од самиот почеток на врската.

Близнаци

Припадниците на овој знак не би се вљубиле во личност која е заглавена во рутини и навики, која не сака промени и претпочита да седи на каучот и да гледа телевизија наместо да излезе и да го истражува светот.

Рак

Раковите не би можеле да бидат во врска со некој кој не е близок со сопственото семејство и кој во љубовта се потпира на разумот, а не на чувствата.

Лав

Лавовите не би можеле да се замислат со мрзлив партнер кој не е амбициозен и си гледа само за себе, наместо да соработува тимски.

Девица

Припадниците на овој знак не би можеле да бидат со некој кој е на различно интелектуално ниво од нивното, кој не може да го разбере нивниот начин на размислување и не заинтересиран за долги разговори. Девиците никогаш не би одбрале партнер кој прави да изгубат контрола, во лоша смисла на зборот.

Вага

Вагите ги одбиваат личностите кои стануваат љубоморни ако поминуваат време со други луѓе. Тие не можат да бидат со партнер кој прави да се чувствуваат клаустрофобично поради неговата опсесивност и опседнатост.

Хороскопот открива: Со каква личност никогаш не би биле во љубовна врска?

Скорпија

Скорпиите не би можеле да започнат врска со личност која не може да се справи со нив и нивните силни емоции и која не знае да ја покажува љубовта на физички начин, односно која не сака држење за рака, бакнување во јавност, гушкање и слично.

Стрелец

Стрелците никогаш не би имале партнер кој шири негативна енергија, нема амбиции и лесно станува љубоморен.

Јарец

Припадниците на овој знак не сакаат партнери кои ги избрзуваат, кои не ја почитуваат нивната приватност и постојано се премислуваат.

Водолија

Родените во овој знак не би можеле да се замислат со личност која ја убива нивната креативност, која не знае да го поддржи и охрабри нивниот уникатен и ексцентричен начин на размислување и која ќе се повлече веднаш штом конечно ќе ги освои.

Риби

Рибите не би можеле да имаат партнер кој не знае како да се справи со емоционална интимност, кој ги смета за драматични кога стануваат чувствителни и кој не може да ги утеши и да направи да се чувствуваат сигурни во врската.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар