Годишен хороскоп за 2014 година

Годишен хороскоп за 2014 година

Прочитајте што велат ѕвездите за наредната 2014 година. Дознајте што ве очекува на полето на љубовта, кариерата, здравјето…

Годишен хороскоп за 2014 година

Овен

Дали сте спремни вашиот свет на романтики, креативност и односи со другите луѓе да ви се затресе? Во 2014 година ќе се фокусирате на сите аспекти од вашиот љубовен живот, како и на интеграција со вашиот спротивен поларитет (Вага), што значи дека ќе научите многу за убавината, мирољубивоста и правдата.

Оваа година ќе ви се пружат безброј прилики да се усовршите како најдобар љубовник и партнер. Тоа значи, дека нема да треба да го жртвувате својот автентичен и огнено борбен дух, туку ќе научите што значи компромис. Во длабочината на вашата душа сте вистински романтичари во вечна потрага по убава и хармонична врска, а оваа година тоа ќе можете да го доживеете како никогаш претходно.

Бик

Пред вас е година на експанзија и уживање во работа која ќе ве исполнува и во која ќе просперирате. Ако сте подлегнале на типичното биковско однесување и сте ги занемариле своите потреби, решавајќи туѓи проблеми, целосно исцрпувајќи се, оваа година ќе ја вратите вашата животна снага за да можете да владеете со вашиот живот.

Ова нема да ве направи себична и негрижлива личност, туку личност каква што вие по природа и сте, полна со енергија која несебично сакате да ја пренесете на вашите блиски. Во 2014 година ќе се фокусирате на комуникацијата, работата и дневните рутини. Рутината за вас е многу важна, а ќе ја доведете во рамнотежа со помош на редовно вежбање, повеќе спиење и малку намалување на работата.

Близнаци

Оваа 2014 година, целиот ваш вложен труд, конечно ќе се испати. За некого веќе започнаа наградите и признанијата оваа година, но во наредната конечно ќе стигнете до вистинскиот успех. За вас ова е година на упорност и исплатливост. Покрај тоа, ќе имате и добар прилив на пари.

Во првите шест месеци ќе го искористите големото влијание на Јупитер во подрачјето на парите, а тоа значи дека ќе имате доволно за да заштедите и за црни денови. Најдобрата вест за вас е тоа што, оваа година повеќе ќе се фокусирате на забавните аспекти, отколку на работата. Наместо поголемиот дел од времето да го поминувате посветувајќи ја вашата енергија на рутински работи, ќе барате повеќе начини и ќе посветувате повеќе време на креативност и романтични остварувања.

Рак

Во првата половина на годината ќе уживате во период на среќа која ќе ви ја донесе Јупитер, а од почетокот на летото можете да очекувате голем финансиски бенефит и подобрување на вашата парична состојба.

Вашата самодоверба веќе е на високо ниво од оваа година, па така ќе настапите и во наредната, што ќе ви се исплати на многу начини. Конечно излегувате од својот оклоп и сега целите повисоко. Ќе увидите колку е важно да го креирате вашиот живот онака како што вие сакате и ќе почнете да живеете по сопствени правила, а не онака како што другите ќе одлучат или очекуваат од вас.

Лав

Вашата ѕвезда наредната година ќе се крене највисоко и ќе сјае како никогаш досега. Цела година ќе ве прати неверојатна среќа, а поради тоа ќе се чувствувате како вистинска рок-ѕвезда. Првата половина од годината ќе ја искористите да поработите на себе, а втората половина ќе ви биде полна со изненадувања, какви што не би замислиле ни во најлудите соништа.

Скоро е невозможно оваа година да се одбегнат екстремните ситуации, но сепак ќе останете смирени и ќе говорите со смирен тон. Бидете спремни да ги научите дипломатските вештини и како да постигнувате компромис, за да одржите нормална комуникација со некои луѓе што ги сакате.

Девица

Познати сте како зависници од работа, но во 2014 година ќе ја смените плочата и за вас оваа година ќе претставува вистински одмор. Оваа година ќе научите како да се ослободите од обврските и како да се опуштите. Во првата половина ќе продолжи вашиот богат друштвен живот, но по летото спремете се за влегување во фаза на осаменост.

Преголемата дружба со многу луѓе вас ве заморува, бидејќи сте еден од најчувствителните знаци во зодијакот и често чувствувате притисок дека морате да помогнете и да се погрижите за сите со вас убаво да си поминат. Вашите умствени и комуникациски вештини ќе бидат поостри од кога било.

Вага

Оваа година вагата ја чека успех на сите полиња. На емотивен план ќе ви се реализираат огромен број работи, кои порано стоеле во сенка. За вагите, 2014 година ќе биде година на трансформација, како за нив, така и за нивната околина.

Затоа треба да бидете доследни на себе и да ги прифатите предизвиците кои ве очекуваат. Веќе нема да имате оправдувања за недостаток на енергија, бидејќи веќе во март започнува силното влијание на ѕвездите врз вашата комуникативност, шарм и врз талентот за дипломатија. Бидете храбри и самоуверени, но и не заборавајте на вашата разиграна особина да уживате во животот.

Скорпија

По турбулентната 2013 година, скорпиите конечно ќе здивнат. Конечно ви доаѓа помирен период од животот, во кој ќе издигнете како Феникс. Од новата година ќе го извлечете максимумот само ако останете доследни на своите доблести, но и ако се концентрирате на своите желби.

Иако влијанието на Сатурн малу ќе ве направи осамени, преку него ќе добиете потребно време за да видите што правите во животот. Така ќе ги пронајдете вашите тајни извори на внатрешна енергија. По природа сте човек кој оди на сѐ или ништо, па по пронаоѓањето на новата енергија повторно ќе се врати вашето расположение и одлучноста работите да ги правите по свое.

Стрелец

Бидејќи веќе одминатата година, беше година на изолација за стрелците, наредната носи богат друштвен живот. Ова им одговара на припадниците на овој знак, бидејќи по природа тие се комуникативни, односно сакаат да бидат опкружени со што повеќе луѓе. Чувството на заедништво е нешто што на стрелците им пружа сигурност, а заедништвото ќе го имаат во изобилство.

Затоа соберете ги околу себе семејството, пријателите и истомислениците, бидејќи тие ќе ви ја дадат силата за остварување на вашите цели. Не е важно дали станува збор за љубов, работа, уметност или забава, бидејќи со нивна помош можете да постигнете сѐ. Бидете амбициозни и очекувајте поддршка од блиските.

Јарец

Што се однесува до кариерата, јарецот во 2014 година ќе биде незапирлив. Планетарните енергии во целост се концентрирани на вашите цели, па можете да очекувате градење на ваше лично работно царство. Исто така, влијанието на Венера на почетокот на годината ќе ве наведе на преиспитување на минатото, па можете да очекувате средби со личности од минатото.

Некои од тие луѓе можат да станат и нешто друго во вашиот живот. Минатата година за јарците преставуваше почеток на многу работи, што значи дека оваа година ќе го жнеете она што лани го посеавте. Бидејќи вие уживате во добро сработена работа, оваа година ќе ви биде навистина посебна.

Водолија

Патувања, авантури, духовитост и внатрешен мир. Овие работи ги очекуваат водолиите во новата година, која воопшто нема да им биде досадна и вообичаена. Поради силното влијание на Марс и Јупитер, 2014 година ќе им отвори многу врати на водолиите. Ова е вистинската година да почнете да се бавите со работите кои ги сакате.

Многу водолии ќе почнат да учат странски јазици или ќе се бават со некој егзотичен спорт. Што и да одберете оваа година, ќе ви тргне особено доколку ве исполнува и ве прави задоволни. Искористете го овој налет на енергија за остварување на своите стари соништа.

Риби

Со мирните води оставени зад себе, рибите ќе запливаат во вистинска револуција. Имено, 2014 година ќе биде година на промени и трансформација, што позитивно ќе влијае на вашата креативност, преданост и задоволство. Ќе имате чувство на постојана заљубеност, а тоа посебно ќе им оди од рака на рибите со уметнички претензии.

Јупитер ќе ве чува во првата половина на годината, а во јули ќе морате да донесете некоја важна одлука. Во тој период ќе почувствувате ветер во работните едра, а финансиската ситуација ќе ви биде одлична. Внимателно одбирајте ги обврските, бидејќи можете да се претрупате од работа и да си нанесете непотребен стрес.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар