Еротски хороскоп за 2014-та
Секој хороскопски знак се одликува со специфична сексуалност, сексуални желби и потреби. Под влијание на ѕвездите, оваа година може да доживеете нова љубов, нова страст или да ја распламтите жарта со вашиот сегашен партнер.
Овен
За вас ритамот на секојдневниот живот е премногу бавен, па постојано трагате по авантури. Во сексот сте неумерени, понекогаш премногу агресивни, но дефинитивно уживате. Сакате еротски игри, па во текот на целата година ќе ги практикувате забавувајќи се со вашиот партнер. Иако сакате да доминирате, оваа година ќе се трудите вашиот партнер да ужива повеќе одошто вие.
Во средината на пролетта, можни се кратки авантури, но жестоки и без обврски. Колку и да сте во искушение, никако не почнувајте сексуален однос со некој од вашите колеги на работа. Оваа година особено ќе уживате во секс-позите во кои вие можете да го диктирате темпото. На почетокот на есента обидете се малку да го загреете партнерот. Ве очекува вистинска бура од страсти.
Ако сте без партнер, најмногу ќе ви одговараат личности без предрасуди.
Бик
По природа сте мирни и сталожени, но во сексот сте како темпирана бомба. Поради вашите вештини и издржливост познати сте како одлични љубовници. Оваа година секс сигурно нема да ви фали. Ако сте во стабилна врска очекувајте да поминувате страсни мигови со вашиот партнер. Ако пак, подолго време сте сами, ве очекува возбудлива година. Зрачите со сексуална енергија, па спротивниот пол ќе биде како маѓепсан во ваше друштво.
На почетокот на пролетта вашиот сексуален апетит ќе се зголеми уште повеќе, па ќе прифаќате и врски за една вечер. Ќе имате прилики за нови познанства кои и тоа како ќе ви одговараат за вашиот љубовен живот.
Ако имате партнер играјте си со секс-играчки за да ја распламтите страста. Вашиот партнер ќе биде презадоволен, а вие ќе си ги задоволите вашите сексуални потреби.
Близнаци
Многу сте неодлучни заради што ќе имате емотивни проблеми. Меѓутоа, вашиот авантуристички дух ве прави исклучително интересен љубовник. За вас сексот е лесна тема и сосема добро се снаоѓате на тој план. Но, веќе подолго време сте тотално несреќни кога е сексот во прашање. Ова е година на промени. Имено, ќе запознаете личност на која не ќе можете да ѝ одолеете. Совршено ќе се сложувате во сè, а особено во сексот.
Ако пак веќе подолго време уживате во сексот, можете на почетокот на август да го изненадите вашиот партнер и да заминете на некое романтично патување за да ги распламтите страстите.
Есента ќе биде исто така интересна. Можеби ќе запознаете некој што сосема ќе ве обземе, но, ќе ви биде тешко да го задржите доколку не промените некои свои стари навики.
Рак
Вие сте вистински мајстори за заведување и многу страсни љубовници. Кога сакате некого, се давате без резерви. Во сексот сте малку неодлучни, па партнерот често има чувство дека ве тера на љубовниот чин. Меѓутоа вие не се плашите од сексот, туку од неуспехот и фактот дека можеби нема да успеете да го задоволите партнерот. Имате среќа бидејќи ѕвездите ќе работат во ваша полза.
Ако немате партнер, оваа година најмногу ќе ве привлечат енергични и доминантни личности. Ќе запознаете некој кој ќе успее да ве однесе во свет полн со страст и еротика. Ќе уживате како никогаш досега. Опуштете се и препуштете се на страста. Нема да се покаете.
Ако пак имате партнер, обидете се заедно да оживеете некои еротски фантазии. Летото е идеално време за тоа. Одете на одмор, опуштете се и водете љубов на најнеобични места. Направете си го летото период кој ќе го паметите цел живот.
Лав
Не сте тип на личност која му се допаѓа секому, но не го ни посакувате тоа. Свесни сте колку сте посебни и специфични така што очекувате вистински кралски третман од вашиот партнер. Немате предрасуди и секогаш сте против општоприфатените принципи на однесување. Сакате секс, а квантитетот ви е важен исто колку и квалитетот.
Ако немате партнер, оваа година нема да можете да се одбраните од додворувачи, но ако можете, избирајте бикови, јарци или девици. Иако се плашите од заљубување конечно ќе можете да се искажете на тој план. Вашиот нов партнер ќе ве маѓепса па нема да можете да се одвоите од него. Сексот ќе биде совршен и многу ќе научите за него.
Ако имате партнер, вложете повеќе во должината на сексуалната предигра. Постојаната игра на заведување ќе ја засили вашата сексуална желба.
Девица
Иако вашиот знак е симбол на невиност, во сексот сте сосема поинакви. Имате силно либидо и ослободени сте од секакви предрасуди. Понекогаш дури ви се случува да ги помешате љубовта и сексот, па затоа и сте подготвени на секс за една ноќ. Не се плашите да пробувате нови работи, а бидејќи брзо учите, можете да постанете вистински секс-мајстор.
Ако немате партнер, кон средината на пролетта ќе запознаете личност на која не ќе можете да ѝ одолеете. Немојте да мислите само на себе, потрудете се да биде задоволена и другата страна.
Ако имате партнер, потрудете се да испробате нешто ново оваа година. Опуштете се и уживајте со помош на еротски филмови и експериментирајте со секс-позите. Не срамете се бидејќи тоа ќе ве спречи да доживеете магични моменти со вашиот партнер.
Вага
Љубовта ви е најважна, но не ви се непознати ни сексуалните екскурзии. Иако на прв поглед делувате тромо и незаинтересирано, во кревет сте потполно различни. Уживате кога од љубовниот чин можете да направите артистички перформанс. Нема да се преоптоварувате со некакви предрасуди и искрено ќе верувате дека во сексот сè е дозволено.
Ако сте во врска или брак, би било добро да поразговарате со вашиот партнер за неговите потреби. Можеби него не му е пријатно во некои пози во кои вие уживате. Сослушајте го што има да ви каже и потрудете се да го усреќите.
Ако немате партнер оваа есен може да запознаете личност која ќе ви го смени животот. Иако вашата врска на почетокот може да се базира само на секс, веќе со стартот на зимата ќе почувствувате дека таа прераснува во еден стабилен и квалитетен однос. Затоа потрудете се да бидете искрени и не кријте ги вашите чувства. Во спротивно оваа личност може брзо да си замине од вашиот живот.
Скорпија
Вие сте најеротичниот знак во зодијакот. Многу сте сексапилни и силно ги привлекувате луѓето од спротивниот пол. Бесрамни сте, отворени и со малку зборови давате до знаење што сакате. Не сакате да зборувате за време на секс, но обожавате воздишки.
На почетокот на годината може да имате проблеми со партнерот. Тој нема да може да ве задоволи, а вие нема да имате разбирање за тоа. Затоа ќе се обидете среќата да ја најдете во рацете на друга личност. Наместо тоа, обидете се да поразговарате со партнерот за да го решите овој проблем.
Ако сте сами, ќе запознаете некој кој сосема ќе може да го задоволи вашиот сексуален апетит. Сепак ако сакате да остварите квалитетна врска со оваа нова личност, ќе мора да поработите и на емоциите.
Стрелец
Вие секогаш се заљубувате во личности со кои можете долго и опуштено да разговарате. Дури потоа се впуштате во сексуални игри. Иако минатата година имавте проблеми на емотивен план, оваа година сè ќе си дојде на свое место. Ве привлекуваат страсни личности и токму такви ќе запознавате на почетокот на летото. Ќе уживате во страсни прегратки и не чудете се ако се случи да водите љубов неколку пати во текот на една вечер.
Бидејќи оваа година ќе ве привлекува вкусот на забранетото овошје, бидете внимателни, бидејќи и една кратка сексуална авантура може да ја загрози вашата врска. Пред да ја побарате среќата со некој друг, прво решете ги несогласувањата кои ги имате со партнерот. После искрен разговор, тој може да се претвори во најдобриот љубовник на светот. Допирајте се, галете се, истражувајте си ги меѓусебно телата. Уживајте во она што го имате.
Јарец
За вашата сексуалност постојат многу заблуди. Причината за тоа се крие во фактот дека сте внимателни и во ништо не избрзувате, па ни во сексот. Вам ви е многу важно прво добро да го запознаете партнерот пред да одлучите да бидете интимни со него.
Иако минатата година имавте доста проблеми, во 2014 ќе ви бие многу полесно. Ќе запознаете личност која ќе биде многу посебна и поразлична од сите кои ги познавате, па нема да можете да се одвоите од неа. Можно е да имате и некои авантури настрана, но сето тоа ќе заврши прилично неславно.
Ако имате партнер не плашете се да му кажете што точно сакате за да ве усреќи. Потоа допуштете му да го направи првиот чекор и дозволете му и самиот да почне да фантазира. Трудете се да го подобрите сексуалниот чин со долга предигра и сочни бакнежи. Возбудата ќе расте, а вие сè повеќе ќе уживате.
Водолија
Вам сексот ви е потреба. Најсреќни сте кога покрај себе имате личност која е подготвена да испроба сè што вие сакате. Сакате тајни врски, тајна љубов и сè што има призвук на забрането и мистично.
И оваа година од партнерот ќе очекувате да биде расположен за секс во секое време. Нема да обрнувате внимание на романтиката и амбиентот, ќе трагате само по чисто задоволство.
Ако немате партнер, на почетокот на август ќе запознаете личност која ќе ви го сврти паметот. Нема да ви се верува дека покрај себе имате личност за каква што сте сонувале цел живот. За првпат нема да ви биде важно да се задоволите себеси, туку прво да го усреќите вашиот партнер.
Риби
Романтични сте и не ги двоите сексот од љубовта. Внимателни сте и никогаш нема да направите нешто што не му одговара на вашиот партнер. Вашиот оргазам не е јак, туку прикриен, тивок и долготраен. Доста сте издржливи и понекогаш се изненадувате од себеси колкава енергија поседувате. Оваа година ќе сакате да доживеете нешто ново во сексот и нема да се плашите тоа да го реализирате.
Ако немате партнер, оваа есен ќе имате можност да запознаете личност која сосема ќе ви го промени животот. Вашиот однос на почетокот ќе биде базиран само на секс, но потоа ќе прерасне во сериозна и стабилна врска.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.