Ѕвездите и косата: Одберете ја совршената фризура за вашиот хороскопски знак - Part 4

Ѕвездите и косата: Одберете ја совршената фризура за вашиот хороскопски знак

Јарец

(10) Ѕвездите и косата: Одберете ја совршената фризура за вашиот хороскопски знак

Исто како и Девиците, така и Јарците се перфекционисти и љубители на третманот со кератин. Тие сакаат чист и модерен изглед, како и традиционални бои и стилови кои се погодни и за работа и за вечерно излегување. Тие се току искусни во својата практичност, што многу лесно можат да го усовршат својот стил така што ќе му дадат завршен шик, резултирајќи со извонреден изглед.

Совет: Ако имате долга коса, скратете ја и уживајте во вашиот нов изглед. Доколку имате кратка, оставете ја да порасне со цел да го освежите стилот.

Водолија

(11) Ѕвездите и косата: Одберете ја совршената фризура за вашиот хороскопски знак

Непредвидливите Водолии, кои исто како Близнаците и Стрелците, најмногу ја ценат својата слобода, уживаат во пробување нови трендови и постојано менување на нивниот изглед. Токму затоа и често можете да ги видите со откачени и модерни фризури во неочекувани и неприродни бои.

Совет: Забавете малку и погледнете се во огледало со цел да ја видите целата убавина која ја рефлектирате и да се почувствувате поисполнето.

Риби

(12) Ѕвездите и косата: Одберете ја совршената фризура за вашиот хороскопски знак

Овој ултра женствен знак е слаб на најновите трендови, но исто така сака и многу да се вклопи во околината. Рибите сакаат многу долги коси и фризури кои не бараат труд за одржување. Многу е лесно да ги натерате на промена, дури и кога не се сигурни дали навистина го сакаат тоа. Но, ако резултатот не е онаков каков што тие очекувале, тогаш лесно можат да се вознемират.

Совет: Одморете ја косата од сушење со фен и пеглање со цел таа да биде поздрава, а вие посигурни во себе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар