Дознајте кој е најкомплицираниот хороскопски знак кој сите ги нервира
Секој хороскопски знак има некоја иритантна особина поради која сите му замеруваат. Меѓутоа, еден знак се издвојува од останатите бидејќи нема човек кој не би кажал дека никогаш не запознал покомплицирана личност од него. Перфекционисти, хипохондрици и големи аналитичари. Погодивте кој хороскопски знак ја носи титулата „најиритантен“?
Станува збор за Девиците. Тие многу сакаат да анализираат и пред да донесат одлука мора да бидат запознаени дури и со најситните детали. Непопустливи се, критикуваат и премногу се грижат, а токму тоа се особините кои го нервираат нивното друштво.
Познати се како ситничари и педантерии кои сакаат сѐ да им биде под конец. Доколку некогаш им нанесете зло, бидете сигурни дека никогаш нема да го заборават тоа и ќе ја искористат секоја можна прилика за да ве потсетат на неправдата која сте им ја направиле.
Кај нив не постојат пропусти. Тие никогаш не смеат да погрешат, а ако дојде до тоа многу се повредуваат и навредуваат. Нивниот мозок е сличен на оној на Близнаците, што не е чудно со оглед на тоа дека и тие се под влијание на Меркур. За разлика од Близнаците кои се откачени и забавни, Девиците не знаат баш добро да се забавуваат.
Девиците не знаат да објаснат нешто во кратки црти. Многу се навредуваат кога некој ќе ги прекине. Ужасно се нервозни и одеднаш го повишуваат тонот и со викање се обидуваат да го објаснат до крај она што го започнале.
Имаат многу краток фитиљ. Ги нервира човечката глупост, безобѕирност, доцнење, спротивставување… Нивните нерви се премногу тенки, а реакциите бурни. Големи злопамтила се и при конфликти знаат да ги ископаат и најмалите детали кои секој друг нормален човек би ги заборавил.
Нивното паметење е фотографско и математички точно. Оваа голема логичка интелигенција ги доведува до конфликт со самите себеси и со нивните емоции. Сѐ мора да има логика, а во чувствата најмалку ја има. Кога ќе се сретне со нешто што нема логика и точност, Девицата го губи тлото под нозете и бара потпора.
Не знае да живее и да се движи по нереални патеки. Мора сѐ да се знае и да има основа, почеток, средина и крај. Очекуваат и бараат чистота и точност, но и самите знаат да бидат несмасни и неточни. Девиците најчесто доцнат. Тоа нормално дека не се однесува на работата, туку на сѐ друго останато. Тие ги заморуваат другите со нивната точност, но Девиците не знаат да живеат поинаку. Само така се чувствуваат добро.
Хипохондриците најчесто се родени токму во овој знак. И при најмала настинка тие ги пребаруваат сите симптоми на Интернет и веднаш помислуваат на најлошото.
Нема поголеми „папучари“ од Девиците и тие мазохистички уживаат во тоа. Сакаат пари, но не знаат како да ги трошат.
Секако дека Девиците имаат и многу позитивни особини кои ги прават незаменливи и покрај тоа што понекогаш знаат да ги изнервираат сите блиски.
Сакаат безусловно и безрезервно и многу ретко изневеруваат. Понекогаш знаат да бидат љубоморни и опсесивни. Нема понапорно суштество од љубоморна Девица. Ќе направат секакви глупости за да дојдат до некакви докази дека партнерот ги изневерува. Нивната недоверба може да ги доведе до лудило. Но, кога ќе ја дознаат вистината, тие се помируваат со неа, каква и да е. Тие само сакаат да си докажат себеси и на таа одредена личност дека биле во право.
Одлично се снаоѓаат во стресни ситуации и фантастично работат под притисок. Практични се, а нивните грижи ги задржуваат за себе и не дозволуваат негативно да влијаат на другите луѓе.
Силни се, снаодливи и сочувствителни. Секогаш даваат добри совети и подготвени се да помогнат во секоја можна ситуација. Поради нивната брутална искреност секогаш ќе знаете на што сте со Девиците.
Иако знаат да изнервираат, сепак вреди да се издржи нивното лудило.