Црна Месечина во Рак: Чувајте се од манипулации и измами!

Црна Месечина во Рак: Чувајте се од манипулации и измами!

Астролозите предвидуваат дека во ноќта помеѓу 14 и 15 април нè очекува важен астролошки феномен – црната Месечина (кога во ист месец вторпат се појавува млада Месечина) ќе премине од знакот Близнаци во знакот Рак каде што ќе остане сè до 8 јануари 2023 година. Овој период ќе биде напнат, интензивен, но и поучен.

Црна Месечина во Рак: Чувајте се од манипулации и измами!

Црната Месечина во Рак носи измешани чувства, раздразливост, агресивност и ненадејни промени. Во поглед на физичкото здравје, постои ризик од замор и главоболки. Најважното нешто што морате да го направите во овој период е да се соочите со сопствените стравови, без оглед на тоа колку е тешко. Време е да ги отфрлите старите и лажните верувања за нешто добро да се врати во живот.

Од друга страна, црната Месечина создава илузии, привлекува измамници, лажни ветувања и лоши зделки. Затоа, важно е добро да размислите пред да донесете важна одлука.

Кога црната Месечина ќе влезе во знакот Рак, треба да се заштитите од провокации и манипулации и да не им подлегнувате на негативните чувства кои можат да доведат до конфликти. Освен тоа, ова ќе биде поволен момент да се сетите на лекциите на предците кои ќе ви помогнат да се соочите со новите предизвици.

Црната Месечина е и почеток на нова етапа. Доколку долго време сакавте да започнете некаква промена, сега е најдоброто време да го направите тоа. Но, само под услов да се однесувате чесно, отворено и без предрасуди.

Во овој период ѕвездите ви препорачуваат и да работите на сопствените стравови. Немојте да се криете и обидете да се соочите со нив бидејќи вие сте посилни.

Ќе имате можност и да се погледнете себеси однадвор, но и да разберете што треба да промените во вашето однесување за обезбедите подобра иднина за себе и за своите најблиски. Ова ќе биде и поволен момент да се збогувате со старите, непотребни и негативни работи кои ве потсетуваат на минатото.

Што се однесува до работата, овој период е идеален за завршување на започнатите проекти, но и за стекнување финансиски средства. Покрај тоа, обидете се да направите и детоксикација на телото, физичка и психичка. Исчистете го телото со здрава и урамнотежена исхрана, а умот со медитација и техники за релаксирање.

Што не треба да правите за време на транзитот на црна Месечина во Рак? Обидете се да не позајмувате, инаку ризикувате да бидете измамени. Исто така, не треба да земате заем бидејќи постои веројатност за неуспешна трансакција.

Од друга страна, ѕвездите ве советуваат да не носите импулсивни одлуки, обидете се да не подлегнувате на манипулации. Консултирајте се со луѓето на кои им верувате и притоа имајте на ум дека некои одлуки не треба да се донесат сега.

Откако прочитавте што ќе ни донесе црната Месечина во Рак, можеби ќе сакате да го прочитате и месечниот хороскоп за мај 2022 во поглед на љубовта, кариерата и здравјето.

Извор: sensa.mondo.rs


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Вљубеничка во книжевноста, музеите и патувањата. Исто како и Борхес, рајот си го замислува како огромна библиотека.

Поврзани содржини

Остави коментар