Чоколадото и хороскопот: Кои знаци најмногу сакаат чоколадо?

Чоколадото и хороскопот: Кои знаци најмногу сакаат чоколадо?

Ретко кој може да му одолее на чоколадото. Го јадеме кога сме тажни, среќни, кога учиме, кога се забавуваме… некои дури и за време на најинтимните моменти со партнерот. Тоа е извор на огромна енергија. Познато е и како аналгетик за жени и афродизијак за мажи. Ако ве интересира како секој хороскопски знак го доживува чоколадото, продолжете со читање.

chokoladoto-i-horoskopot-koi-znaci-najmnogu-sakaat-chokolado-kafepauza.mk

Овните ги служи здравјето доколку секој ден го започнат со коцка чоколадо. Припадниците на овој знак кога ќе видат чоколадо, веднаш му навалуваат и најчесто сами го јадат целото.

Биковите се страсни љубители на разни слатки јадења, па и на чоколадо. Бикот купува две пакувања чоколадо, едно за себе, едно за друштвото – никогаш не се знае.

Близнаците имаат двојна природа, која од нив бара секое задоволство да вкусуваат со по две парчиња, и на тоа нема смисла да се противите. Припадниците на овој знак пробуваат по малку од секој вид чоколадо кое ќе им се понуди.

Раковите имаат голема страст за кикирики, а чоколадото им е опсесија. Често се будат сред ноќ и го „вознемируваат“ фрижидерот. Раковите сакаат чоколадо повеќе од сѐ, така што слободно можете да им го подарите наместо бакнеж.

Лавовите се познати гурмани. Нивната идеална вечера завршува со најдобрите слатки од чоколадо кои не сакаат да ги поделат со никого.

Девиците чоколадото го јадат со вилица и со нож, но се придржуваат до правилото дека во огромни количини ништо не е здраво, па дури ни „храната на боговите“.

Вагата сака да добие чоколадо на подарок, но притоа не треба да штедите. Тоа ќе ѝ остави впечаток. Сепак, вагите не можат да се одлучат дали да го јадат или не заради својата линија.

Скорпијата не може ни да изеде чоколадо без тоа да биде со доза на страст и еротичност. Таа го мачка со чоколадо телото на партнерот и дури потоа почнува да ужива во него.

Стрелецот прво ќе се потсети дека чоколадото е богато со магнезиум кој помага во борбата против покачениот крвен притисок, па дури потоа ќе го купи најскапото странско чоколадо во интересна амбалажа.

Јарецот сака чоколадо, и кога го бира, го бара најсовршеното. Ќе го освоите со совршено топло чоколадо.

Водолијата ќе го прескокне чоколадото бидејќи се држи до макробиотичката храна. А и поздрава е. Нејзе подарете ѝ гаџет во облик на чоколадо и таа ќе биде презадоволна.

Рибите уживаат во чоколадо со многу ориз. За припадниците на овој знак, тоа е и афродизијак. Затоа на чоколадото му пристапуваат со многу внимание и во одбрано друштво.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Ивана Reply

    Јас сум рак па воопшто не сум љубител на благо…

  2. Џими хукунукуапуа Reply

    Вага сум.. и кога че видам чоколадо 1 минута и го снемува а за линијата не сум сеуште ваков > (|). Поздрав 😉

  3. leyla Reply

    jasum vodolia iii mnogu sakam cokoldaoo ama ovde za vodloliyata pisuva deka ne obozavala tolku cokolado ova me zacudi bideyki yas najmnogu go sakam cokoladoto

Остави коментар