Астролошки љубовни совети за посреќна 2018-та година

Астролошки љубовни совети за посреќна 2018-та година

Факт е дека не треба да ги сфаќате премногу сериозно хороскопските препораки и совети. Но сепак, подгответе се, бидејќи пред вас би можело да има многу возбудлива година. А, шансите за тоа ви се многу поголеми доколку го послушате она што ќе ви го кажат ѕвездите. Затоа ви ги откриваме најдобрите љубовни совети за секој хороскопски знак што во 2018-та година ќе ви донесат среќа. Дури и ако не верувате во хороскоп, се исплати да ги послушате. Нема што да изгубите, се согласувате?

1-ljubovni-soveti-za-sekoj-horoskopski-znak-za-posrekjna-2018-ta-godina-www.kafepauza.mk_

Овен

Ако сте западнале во врска која не води никаде, во 2018-та година кончено ќе преземете нешто. Започнете малку повеќе да размислувате за иднината и ќе ви се отворат очите.

Бик

Немојте да дозволувате да ве потценуваат. Вие заслужувате некој што ќе ве сака, што ќе ве почитува и со кого ќе можете да се чувствувате самоуверено.

Близнаци

Заборавете на сите лоши работи од минатото и научете да се сакате, а така и другите ќе ве засакаат полесно.

2-ljubovni-soveti-za-sekoj-horoskopski-znak-za-posrekjna-2018-ta-godina-www.kafepauza.mk_

Рак

Не дозволувајте им на другите да ја искористат вашата добрина и фокусирајте се малку повеќе на сопствената среќа. Ако некој ве сака, ќе биде подготвен да направи компромиси со вас и да ви возврати сѐ со иста мера.

Лав

За среќа во љубовта треба и вие малку да се потрудите, а тоа понекогаш знаете да го заборавите. Сетете се малку почесто да ѝ покажувате на саканата личност дека ви е грижа и вашата љубов ќе продолжи да цвета.

Девица

Истапете од својата сигурна зона и покажете ги чувствата, односно отворете се малку повеќе кон личностите за кои се грижите. Ќе се изненадите колку подобро ќе се чувствувате, а и вашата сакана личност позитивно ќе реагира.

3-ljubovni-soveti-za-sekoj-horoskopski-znak-za-posrekjna-2018-ta-godina-www.kafepauza.mk_

Вага

За промена, ставете се себеси на првото место и инсистирајте на своите желби. Не треба заради тоа да се чувствувате себично, а ако некој ве сака, со задоволство ќе ве задоволи.

Скорпија

Ако сѐ уште не сте го пронашле вистинскиот, тоа не значи и дека никогаш нема да го сторите тоа. Добрите работи обично се случуваат кога најмалку се надеваме и тоа е мисла која треба да ве води и во 2018-та година.

Стрелец

Научете да правите разлика помеѓу уживање и љубов. Вистинската љубов треба да ве прави посреќна и подобра личност.

4-ljubovni-soveti-za-sekoj-horoskopski-znak-za-posrekjna-2018-ta-godina-www.kafepauza.mk_

Јарец

Престанете да бидете толку големи критичари кон себе и фокусирајте се на своите предности. Кога личноста сјае со самодоверба, веднаш е и многу попривлечна.

Водолија

Размислете за навиките кои би требало да ги промените, бидејќи досега токму тие ве спречувале да најдете среќа во љубовта. Време е да поработите на себе.

Риби

Престанете да ги потиснувате сопствените емоции и почесто отворајте ѝ се на саканата личност. Со тоа ќе ѝ дадете до знаење дека ѝ верувате, а дури и ако не добиете некаков совет, ниту одговор, ќе се чувствувате подобро, бидејќи со некого сте го споделиле она што ве растажува.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар