Астрологијата ви открива: Бјути трикови на хороскопските знаци! - Part 2

Астрологијата ви открива: Бјути трикови на хороскопските знаци

Рак – Сјај постигнат со руменило

Вие сè што ќе посакате можете да го постигнете со четка и руменило, бидејќи тоа е вашето тајно оружје. Експериментирајте со боите, испробајте потемни нијанси за ноќно излегување, а посветли за дневно. Користете руменило за да го контурирате своето лице и да постигнете секси, но пред сè, впечатлив изглед.

4-astrologijata-vi-otkrivaa-bjuti-trikovi-na-horoskopskite-znaci-www.kafepauza.mk_

Лав – Вашата коса

Секако, за вас најдобриот бјути трик е вашата коса, која воедно е вашиот најголем атрибут, но и начин да флертувате. Вие ја обожавате својата коса и секогаш ја третирате со посебно внимание. Како на вистинска Лавица, вашата грива за вас значи сè, па вас не може ништо да ве изнервира повеќе од тоа фризерот да ви ја упропасти вашата фризура. Затоа е многу важно да ги обезбедите сите препарати кои ќе ви овозможат да имате преубава и сјајна коса.

5-astrologijata-vi-otkrivaa-bjuti-trikovi-na-horoskopskite-znaci-www.kafepauza.mk_

Девица – Совршена кожа

Како перфекционисти, Девиците ќе направат сè за да изгледаат беспрекорно, па и тоа да бара многубројни откажувања и болни третмани. За вас вашата кожа е вашето богатство, па затоа и во текот на секој бјути третман ќе водите огромна грижа за секоја точка, дамка или брчка.

6-astrologijata-vi-otkrivaa-bjuti-trikovi-na-horoskopskite-znaci-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар