Астрологијата ги открива „валканите“ работи што хороскопските знаци сакаат да ги прават во кревет
Покрај чувствата, вниманието и другите начини на изразување љубов, во една љубовна врска и сексот игра голема улога. Нормално е секоја личност да не биде иста кога станува збор за игрите помеѓу чаршафите. За тоа што можете да очекувате од секој хороскопски знак, астрологијата делумно ви открива неколку тајни кои можете да ги проследите во продолжение.
Овен
Овните се познати по нивната љубов за авантура и подготвеност да испробуваат нови работи. Па, во креветот речиси сѐ се наоѓа на нивното мени. Единствената тешкотија за личностите родени во овој знак е монотонијата. Ако сакате повторно и повторно да правите исти работи, тогаш наместо Овен пронајдете друг партнер.
Бик
Личностите родени во знакот Бик може да направат многу откачени работи во кревет, но за нив важно е тие да бидат оние кои ќе го предложат тоа. Биковите сакаат да бидат доминантни, па треба навистина да имате среќа за вие први да предложите некоја нова идеја.
Близнаци
Близнаците би направиле сѐ. Тие се страсни и игриви љубовници кои секогаш сакаат да истражуваат нешто ново. Овие личности се оптимисти и позитивни и не сакаат многу сериозни или агресивни работи.
Рак
Личностите родени во знакот Рак се полни со љубов и грижа и сѐ би направиле за својот вистински партнер, но тие никогаш нема да бидат оние кои ќе предложат нешто. Тие се фокусирани на тоа да го направат нивниот/нивната партнер/ка среќен/а, па ќе бидат многу возбудени сѐ додека во преден план е емоционалната врска.
Лав
Лавот без сомнение ќе биде најдобриот сексуален партнер кој некогаш сте го имале. Неговата желба да биде во центарот на вниманието го прави природен егзибиционист. Тој сака да се покажува себеси во најдобро светло и да добива внимание од својот партнер.
Девица
Девиците не се авантуристички љубовници. Ако сакате да експериментирате, тогаш не би биле среќни со личност родена во знакот Девица. Како и да е, тие се многу добри во она што се подготвени да го направат. Како и за сѐ друго во животот, Девиците детално истражуваат и откриваат начини како да станат совршени.
Вага
Вагите имаат исклучителни вештини па никогаш не треба да вложуваат премногу напор за да добијат внимание или наклонетост. Големи се шансите тие да бидат пофалени за секој секс. Тие ќе се впуштат во авантура со вас, но потоа нема да ве бакнуваат.
Скорпија
Личностите родени во знакот Скорпија може да бидат најдобри знаци во зодијакот кога станува збор за сексот, особено ако најдете припадник на овој знак чиешто его не е на премногу високо ниво. Тие се совршена комбинација на сензуалност и агресивност и имаат посебен начин на однесување. Тие исто така се обидуваат да бидат и доминантни личности.
Стрелец
Стрелците речиси секогаш се мешаат во работите. Тие ќе започнат како по шега, а потоа ќе станат вистински интерес. Па, бидете внимателни ако се впуштате во љубовна романса со личност родена во овој знак.
Јарец
Јарците се навистина внимателни и разумни. Тоа не значи дека тие нема да иницираат ништо, туку тоа ќе го направат на таков совршен начин при што подоцна ќе ги пофалите за тоа. Ако почнете да им кажувате некои свои минати искуства, кај нив веднаш ќе се разгори страста за натпреварување, па ќе почнат да прават некои работи со кои ќе сакаат да ве импресионираат.
Водолија
Личноста родена во знакот Водолија нема да се впушти во сексуален чин доколку тоа не го смета за сосема коректно. Со ваквите личности заборавете на доминацијата и потчинувањето, но држете се до нив затоа што тие особено за грижат за задоволството на нивниот партнер и секогаш враќаат за направената услуга.
Риби
Рибите се креативни суштества кои кога се во кревет „бојат и надвор од линиите“. Понекогаш тие се едноставни во нивната сензуалност, но во она што е навидум обично, секогаш го вклучуваат и својот талент. Иако не се екстремно авантуристички, овие знаци во зодијакот најдобро се бакнуваат.