Астрологијата и вашата улога во семејните драми
Каква е вашата реакција кога настануваат некакви проблеми и кавги во вашето семејство? Улогата која ја имате во фамилијарните драми, во голем дел е условена од карактеристиките кои ги има вашиот хороскопски знак. Прочитајте кои се вашите типични реакции во напнатите фамилијарни ситуации.
Овен
Ако некој член на семејството е третиран неправедно од страна на останатите, овенот веднаш ќе почне да го брани и заштитува. Гневот и лутината на овој хороскопски знак никогаш не трае долго, така што после кратко време, тој ќе ги смири сите инволвирани во кавгата.
Бик
Овој знак обично влева чувство на безбедност кога започнува да владее хаос во домот. Но, биковите сепак стануваат претерано осетливи ако ситуацијата постане премногу хистерична, бидејќи тие не ја гледаат поентата во бурното емотивно реагирање.
Близнаци
Овој знак не сака емотивни ситуации, поради што ќе настојува да ги освежи „вжештените глави“ на семејните членови преку добра комуникација, која ќе овозможи сите да почнат повторно да размислуваат и да се однесуваат нормално.
Рак
Овој знак ќе направи сè што е во неговата моќ за да ја врати слогата и единството во семејството. Тој ќе ги понуди членовите на семејството со разни закуски, за да се увери дека сите ќе бидат добро најадени пред да почнат да навлегуваат во „тешки дискусии“.
Лав
Лавот е забавувач и ќе се обиде да направи сите да се насмеат дури и во тензичните ситуации. Тие се вознемируваат само кога сметаат дека некој ги игнорира, а во тие ситуации не очекувајте некакво сочувство или разбирање од страна на лав.
Девица
Во напнатите фамилијарни ситуации девицата нервозно трчка наоколу нудејќи им на сите практични решенија и помош. Таа умее да ги разреши комплицираните ситуации благодарение на нејзиниот аналитички ум.
Вага
Вагата сака хармонична атмосфера, така што ќе се обиде да направи сè што е во нејзина моќ, за да ја „смири топката“. Вагите имаат исклучителна способност за внимателно слушање и можат навистина да разберат што другите сакаат.
Скорпија
Кога станува збор за драматичните ситуации во семејниот дом, скорпијата ја игра улогата на заштитник, кој ги брани и им дава поддршка на оние членови од семејството, кои се најмногу нападнати и емотивно повредени во конфликтот.
Стрелец
Стрелците ги гледаат нештата од поширока перспектива, благодарение на што се полни со разбирање за своето семејство и не се вознемируваат поради некоја за нив – ситна кавга.
Јарец
Овој знак стои цврсто на земја и умее да си ги контролира емоциите. Јарците се спремни да дадат одговор на секое прашање и може да се каже дека тие најдобро можат да ја смират тензичната ситуација и да помогнат да се реши конфликтот.
Водолија
Водолиите се одлични медијатори кои не ризикуваат да се вовлекуваат себеси во заземање страни. Тие преферираат да се држат настрана од семејните кавги и само ќе потенцираат дека сите треба да бидат потолерантни додека разговараат.
Риби
Припадниците на овој хороскопски знак се несекојдневни луѓе, кои навистина умеат длабоко да сочувствуваат со емоциите на другите луѓе и е одлично да ги имате во вашата близина. Но, рибите понекогаш се затвораат и се изолираат во нивниот свет, бидејќи се плашат од напнати драматични ситуации.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Kako Lav vo horoskop, ja sum dlaboko navredena zasto sum posledna na listata:PPPPPPPPPPPPP