Астрологијата и релаксирањето во слободно време
Колку навистина знаете да се релаксирате и да се препуштите на мислите кои ви говорат дека животот е убав? Дали бесцелно талкате низ секојдневието кога ќе се вратите дома од училиште, факултет или работа и на крајот од денот сфаќате дека сте проживеале уште еден напнат и заморен ден? Или можеби умеете да го пронајдете вашиот метод на „кулирање“ и да им дозволите на вашето тело и ум да ги „наполнат батериите“ за новото утре? Прочитајте што велат ѕвездите за вашиот хороскопски знак.
Кардинални знаци
Овенот, ракот, вагата и јарецот чувствуваат вишок на енергија во себе, која сакаат да ја согорат со тоа што си задаваат цели кои сакаат да ги постигнат, па изгубеното време поминато во паузи, може да биде стресно за нив. Она што им треба, е да поминат повеќе време со нивните блиски другари и со членовите на семејството и да научат како да забават.
Јарецот мора да научи да биде понежен, полн со љубов, милостив и да посвети повеќе време на своето семејство и на сите блиски луѓе воопшто.
Овенот треба да го научи значењето на зборот сплотеност и да му дозволи на неговиот партнер, барем понекогаш да ги „држи конците“.
На вагата ѝ користи времето помината сама со себе, бидејќи на тој начин се заштитува од нејзино вовлекување во нешто во кое не сака да биде.
Ракот дефинитивно треба да потроши време на самоанализа во мирно опкружување, бидејќи тоа ќе му помогне да си ги „наполни батериите“.
Променливи знаци
Близнаците, девицата, стрелецот и рибите се неуморни знаци, но после напорниот ден, тие со задоволство ќе се стават во „chill-out“ мод.
На близнаците сè што им треба, е да го одржат нивниот ентузијазам и оптимизам на високо ниво, бидејќи кога немаат што да прават, тие стануваат намуртени и меланхолични.
Девицата треба да научи како да „одлета“ со мислите, наместо постојано да се грижи за плановите и за најситните детали.
Стрелецот ќе има поголема корист ако помине повеќе време размислувајќи ги, а не правејќи ги работите.
Рибите ќе се чувствуваат поисполнето, доколку после напорниот ден прават некоја физичка активност.
Фиксни знаци
Бикот, лавот, скорпијата и водолијата имаат тенденција да ги мразат промените, така што нивната промена од состојба на работење кон состојба не правење ништо кога ќе дојдат дома, ќе ги направи нерасположени барем во текот на наредните неколку часа.
Бикот знае да се препушти на мрзата, така што тој не би требало да има никаков проблем во „вклучувањето на копчето за релаксација“.
Имањето пријатели покрај себе е секогаш најдобрата алатка за релаксација на лавот.
Скорпијата треба да усвои малку од методот за уживање и релаксирање на бикот и да се почести себеси со едно сериозно опуштање на телото и умот.
Водолијата треба да научи да ги игнорира сите околу себе и да се концентрира на себеси, барем неколку дена. Ќе се врати ревитализирана и освежена.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.