Астрологијата и помагањето на другите луѓе

Астрологијата и помагањето на другите луѓе

И покрај тоа што е исклучително важно да им бидете од помош на луѓето кои ви значат во животот, сепак понекогаш можете да се почувствувате како тие да ја искористуваат вашата дарежливост и љубезност. Дали во вашето опкружување има луѓе на кои постојано им треба нешто, а не прават ни најмал напор да си помогнат сами на себе? Научете како да го искористите вашиот хороскопски знак и да не му дозволувате на никој да ја узурпира вашата енергија.

Астрологијата и помагањето на другите луѓе

Овен

Овенот најмалку од сите хороскопски знаци има тенденција да подлегне на искористување на неговата енергија од страна на други луѓе. Одвреме-навреме тој е во искушение да изигрува херој, спасувајќи некоја личност која глуми дека е жртва, но сепак поверојатно е дека ќе ја охрабри сама да си помогне на себе.

Бик

Како еден од најприземните знаци во Зодијакот, Бикот е „магнет“ за луѓе кои вечно се во некаква криза. Тој може да ја минимизира ваквата појава, на начин што ќе им помага на другите луѓе да научат како да си создадат баланс и стабилност во животот, наместо да ја бараат и очекуваат од него.

Близнаци

Претставниците на овој знак имаат тенденција да привлекуваат кон себе луѓе кои многу дрдорат или озборуваат, што може да ја исцица нивната енергија и да го потроши нивното време. За да го сопре ова, Близнакот треба да има чувство кога и како да прекине некој разговор и да постави граници на времето кое им го дава на другите луѓе.

Рак

Како најгрижлив знак во зодијакот, Ракот привлекува кон себе луѓе кои сакаат да го искористат вниманието и грижата кои тој им ги нуди. Раковите мораат прво да научат да се грижат за себеси и да ставаат акцент на нивните потреби, па дури потоа да им ја понудат својата поддршка на другите луѓе.

Лав

Со својот оптимистичен карактер, Лавот честопати привлекува луѓе кои имаат тенденција да бидат нерасположени и депресивни. Лавот е весела личност која нема проблем да ги разведрува луѓето околу себе, но во оној момент кога ќе почувствува дека тие му ја „цицаат“ енергијата, тој треба да се оттргне од нив и да помине малку време сам или со луѓе кои се забавни.

Девица

Девицата обожава да им биде од помош на другите, но таа има тенденција премногу да дава од својата енергија, па луѓето откако ќе ја научат каква е, почнуваат да ја третираат како черга за бришење чевли. Претставниците на овој знак мораат да научат да бараат услуга назад од оние на кои тие им помагаат и да престанат да се грижат за луѓе кои само ја злоупотребуваат нивната широкоградост.

Вага

Со нивната тенденција да ги задоволуваат луѓето околу себе, Вагите можат да ги привлечат кон себе оние кои имаат агресивно однесување. Доколку научат како да кажуваат „не“ на луѓето кои константно очекуваат нешто да добијат од нив, паралелно ќе научат да уживаат и да бидат задоволни.

Скорпија

Скорпиите имате дарба да им помагаат на луѓето кога се наоѓаат во тежок период од својот живот. Но, кога станува збор за луѓе кои не можат да ја подобрат својата состојба, без разлика колку емоционална поддршка и да им даваат, Скорпиите треба да престанат да ја трошат нивната енергија и да се обидат да ги упатат кон професионалец.

Стрелец

Нивниот слободоумен дух е вешт во избегнувањето на луѓе на кои им е потребно постојано помош. Сепак, Стрелците лесно можат да паднат во замка од луѓе кои чувствуваат потреба од нивниот адреналин и зависат од нивниот авантуристички карактер. За да не се чувствуваат искористено, Стрелците треба да ги предизвикуваат другите луѓе да смислуваат идеи за некои интересни активности, кои ќе можат да ги извршуваат заедно.

Јарец

Јарците се уморни од тоа секогаш да чувствуваат одговорност. Поради тоа, тие мораат да постават граници со оние луѓе, кои зависат од нив за финансиска и морална поддршка. Сепак, Јарците не се банкомат полн со пари, иако понекогаш другите се однесуваат со нив како да се.

Водолија

Во нивната природа е да чувствуваат потреба да помагаат за да го направат светот подобро место за сите, но се осетливи на луѓе кои чекаат на нивните хумани дела. Претставниците на овој знак треба да останат онакви какви што сте, но мораат да научат да се пазат од оние кои бараат премногу.

Риби

Нивната чувствителност кога станува збор за страдање, ги тера постојано да се обидуваат да ги ослободат останатите од таква судбина. Рибите треба да се заштитат себеси преку почести прошетки во природа, особено во близина на вода, за да го ослободат емоционалниот товар кој го апсорбираат од другите луѓе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар