Астролог открива кој период од годината е најдобар за свадба во зависност од хороскопскиот знак

Астролог открива кој период од годината е најдобар за свадба во зависност од хороскопскиот знак

За некои, хороскопот е само забава, но има многу луѓе кои ќе ги земат предвид астролошките совети кога носат важни одлуки. Една од тие одлуки е датумот на венчавката, а повеќето луѓе го избираат тој датум во зависност од омилената сезона. Но, астрологот Амби Стејтам открива дека е најдобро да се избере датум за време на владеењето на вашиот хороскопски знак. Тогаш вниманието на космосот е насочено кон вас и Сонцето го осветлува вашиот дел од Зодијакот.

Астролог открива кој период од годината е најдобар за свадба во зависност од хороскопскиот знак

Меѓутоа, ако во тој период има ретроградно движење на Меркур, Венера или Марс, тогаш подобро е да се избегне венчавката. Астролозите советуваат да не стапувате во брак за време на ретроградната фаза на овие три планети бидејќи тоа се специфичните фази што имаат најнеповолно влијание врз бракот и врз венчавката. Во продолжение проверете кој период од годината е најдобар за свадба, во зависност од вашиот хороскопски знак.

Огнени знаци

На огнените знаци им е потребна моќна, огнена енергија за време на венчавката, така што летото е најдобриот период за свадба.

На Овните најмногу им одговара почетокот на летото, односно јуни. Свадба за време на најдолгиот ден во годината би одговарала најмногу за овој динамичен хороскопски знак.

Лавот има среќа затоа што може да ги комбинира летото и владеењето на Лавот и да избере датум за венчавка во периодот од крајот на јули до крајот на август.

Ако зимскиот термин за време на нивното владеење не им одговара, Стрелците можат да го изберат кој било летен месец за својата свадба.

Воздушни знаци

Воздушните знаци имаат најмногу простор да размислуваат за датум, со оглед на тоа што, според мислењето на астролозите, тие можат да го изберат кој било период од годината.

Вагите по природа се многу софистицирани и елегантни, а раната есен се смета за еден од најдобрите периоди за поелегантни свадби.

За Водолијата нема правила во ништо, па така и при изборот на датум за венчавка. Тие се непредвидливи и спонтани, а универзумот знае дека е подобро да ги остави да прават по свое.

Земјени знаци

Пролетта и есента се идеални за земјените знаци, особено ако сакаат да бидат поврзани со природата и да прават свадба на отворено, што совршено би одговарала на нивниот карактер.

Биковите може да ја изберат пролетта, односно датум што е блиску до нивниот месец на раѓање. Есента им се препорачува на Јарците и на Девиците, особено доцната есен на Јарците.

Водени знаци

Според астролозите, Скорпиите се создадени за свадба во зима. Како совршена опција за овој хороскопски знак се наведува мала приватна зимска свадба во самрак, покрај некое езеро.

Зимскиот период е идеален за Рибите, а на Раковите најмногу им одговара летна свадба.

Прочитајте кои 3 хороскопски знаци брзо одлучуваат да се свршат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар