6-те хороскопски знаци што најмногу ќе ги почувствуваат астролошките промени од 5-ти март

6-те хороскопски знаци што најмногу ќе ги почувствуваат астролошките промени од 5-ти март

Овој март го очекуваме ретроградниот Меркур. Од 5-ти до 28-ми март, оваа појава ќе предизвика големи промени. Промените ќе бидат и добри и лоши, а овие 6 хороскопски знаци ќе ги почувствуваат најмногу.

6-те хороскопски знаци што најмногу ќе ги почувствуваат астролошките промени од 5-ти март

1. Близнаци

Вашата владејачка планета е Меркур и најголемо влијание ќе има врз вашата комуникација. Иако отсекогаш сте имале неверојатни комуникациски вештини, овој пат Меркур ќе ви ја намали способноста. Додека зборувате можно е да заборавате некои работи и да чувствувате како да ви се врзал јазикот. Но сепак, обидете се да зборувате јасно со цел да го намалите негативното влијание на Меркур.

2. Рак

Иако се верува дека вие сте тивки набљудувачи, ова ретроградно движење нема да ви дозволи да молчите. Овој период можете да бидете навистина емоционални и темпераментни. Може да ве изнервираат сосема безначајни работи, без никаква причина. Најдобро е да бидете трпеливи и да размислите пред да кажете нешто.

3. Лав

Иако отсекогаш сте биле најшармантната личност во просторијата, овој март можно е нештата да бидат поразлични. На социјалните настани ќе бидете речиси целосно незаинтересирани.

4. Девица

Можно е да бидете збунети за повеќето работи во животот. Немојте премногу да размислувате и само дозволете му на овој период да помине. Занемарете ја вашата збунетост и бидете трпеливи, иако чувствувате напнатост за незначајни работи.

5. Вага

Вие сте експерти кога станува збор за криењето на чувствата од другите. Но овој период, на површина ќе излезат вашите реални чувства. Најдобро е да останете прибрани за да не ги повредите саканите со вашите зборови.

6. Водолија

Овој период можно е да се соочите со непотребна фрустрација. Обидете се да ги гледате нештата од друга перспектива. Позитивноста ќе ви помогне да сфатите дека нештата и не се толку лоши колку што ви изгледаат.

Прочитајте го и вашиот љубовен хороскоп за месец март.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар