2 работи што треба да ги направите за време на ретроградниот Марс и 3 работи што треба да ги избегнувате
Ретроградното движење на Марс започна на 9 септември и ќе трае до 13 ноември, па во следниот период може да бидете исфрустрирани, нетрпеливи и исцрпени, но ќе имате можност да ги преиспитате вашите цели и страсти. Ако се придржувате до овие совети, можете максимално да го искористите овој тежок транзит.
Пронајдете конструктивни начини да ја изразите лутината
За време на ретроградниот Марс, може да бидете исфрустрирани и потиснатиот гнев да исплива на површината. Длабокото дишење ќе ви помогне да го задржите чувството на мир. Секојдневното вежбање или водењето дневник може да ви помогнат да одржувате рамнотежа во вашиот живот за време на ретроградниот Марс.
Искористете ја енергијата на Венера – планетата на љубовта
Ретроградниот Марс може да ги намали вашето либидо и тоа може да предизвика огромно оптоварување на романтичните врски. Најдете начин да внесете возбуда во љубовниот живот и потрудете се да бидете романтични.
Не преминувајте ги физичките граници
Потрудете се да не се изморувате премногу бидејќи во овој период постојат големи шанси за повреди, несреќи или општа исцрпеност. Важно е да се движите и да бидете хидрирани. Слушајте го своето тело за време на овој транзит, не преземајте физички ризици и водете сметка за безбедноста, за здравјето и за имунитетот.
Не реагирајте импулсивно и не ризикувајте
За време на ретроградниот Марс ќе се чувствувате како да не можете да се движите напред или да напредувате. Ова ретроградно движење е во хороскопскиот знак Овен, што е управуван од Марс, па ќе се чувствувате уште понетрпеливи. И покрај тоа што ќе чувствувате голем притисок да донесете брзи одлуки, обидете се да се справите со нагонот за импулсивно реагирање. Одвојте време да размислите што е најдобро за вас, а не за другите. Искористете ја енергијата на ретроградниот Марс за да созреете, дури и ако промената може да биде болна.
Не започнувајте нови проекти
За време на ретроградниот Марс, ќе се чувствувате помалку амбициозни од вообичаеното и целата страст што ја чувствувавте за нашите цели може да испари. Искористете го овој период за повторно да се поврзете со вашите вистински цели, наместо да смислувате нови. Ова не е период за започнување нови проекти. Темелите треба да се градат на силна основа, а земјата е премногу непостојана за време на ова ретроградно движење.
Прочитајте кои 4 хороскопски знаци ќе бидат најмногу погодени од ретроградниот Марс.