Запознајте ја блогерката во чии фотографии главниот збор го имаат фустаните
Ви досадија постојано истите фотографии од патувања? Руската блогерка и танчарка Нина (@Ninelly) исто така се заситила од добро познатите сцени и на своето второ патување во Венеција се сетила на една одлична идеја. Наместо повторно да позира пред истите музеи, цркви, улици и другите туристички дестинации, овој пат се фокусирала на својот моден избор и избрала совршени италијански модни комбинации.
Црвеното здолниште го сошила за еден танцувачки настап, кошулата ја позајмила од својата мајка, а шеширот го купила во Венеција. Ова била прва во низата фотографии со кои на својот блог и Инстаграм профил ги раскажала своите „приказни со фустани“ (#mydressstories).
После Венеција, следела Црна Гора, па Индија, Израел, Шпанија. А, на секое патување блогерката избирала фустани кои на некој начин ја опишуваат земјата во која се наоѓа.
Некои од нејзините фотографии се создадени спонтано, додека други се добро испланирани.
Боите на нејзините фустани секогаш се силни и впечатливи, а материјалите лелеави за фотографиите да излезат разиграни и живописни.
Ова никако не се обични фотографии од патувања, туку уникатни сцени во кои е тешко да престанете да гледате. Секоја фотографија изгледа подобро од претходната и ве тера со нетрпение да ја очекувате нејзината следна објава.
Продолжете на следната страница за да погледнете уште неколку фотографии од прекрасни дестинации и уште попрекрасни фустани.