Забавни фотографии инспирирани од бујната детска имагинација

Забавни фотографии инспирирани од бујната детска имагинација

Дечињата имаат бујна фантазија благодарение на која постојано создаваат фантастични универзуми од најобични секојдневни предмети. Така, стапчето станува меч, железните огради стануваат автопати, а фалтите од облеката од нивните родители се користат за да се создадат планини, ридови или бранови на бурно море.

Забавни фотографии инспирирани од бујната детска имагинација

Британскиот фотограф Џозеф Форд, со помош од уметничката режисерка Стефани Бјусре и стилистите Марио Фаундес и Алмут Вогел, креирале фантастична модна фотосерија инспирирана од детската имагинација, соединувајќи одбрани парчиња облека, со пејзажни фотографии направени од птичја перспектива.

Забавни фотографии инспирирани од бујната детска имагинација

И покрај тоа што пејзажните фотографии направени од вешти пилоти биле доста предизвикувачки, сепак фотографиите од облеката направени во студио, му одземале многу повеќе време на Форд, а за некои му биле потребни дури 12 часа работа.

Забавни фотографии инспирирани од бујната детска имагинација

Фотографиите од пејзажите се направени на разни локации во Сицилија, Мароко, Сардинија и Маврициус.

Забавни фотографии инспирирани од бујната детска имагинација Забавни фотографии инспирирани од бујната детска имагинација Забавни фотографии инспирирани од бујната детска имагинација Забавни фотографии инспирирани од бујната детска имагинација Забавни фотографии инспирирани од бујната детска имагинацијаФотосеријата е наградена од страна на британската Асоцијација за награди за фотографи и од страна на Интернационалните награди за фотографија.
Забавни фотографии инспирирани од бујната детска имагинација


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Љубопитна новинарка и маркетерка со истражувачки дух, која е во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, испеана песна и барем малку возбуда, не треба да ѝ помине ниту еден ден. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар