Вкусни минијатурни прстени
Канаѓанката Софија Молнар после 13 годишното живеење во Јапонија, ја открила и другата страна на јапонскиот специјалитет – сушито, и почнала да изработува неверојатни минијатурни прстени. Необичните прстени на кои се послужени разни видови јадења од суши, колачиња, кафе се вистинско креативно уживање. Тие изгледаат толку вкусно, што веднаш ќе посакате да ги вкусите!
Секој прстен е уникатен и правен со посебна внимателност. При рачната изработка, Софија користела различни видови пластика, метал, керамика и уште многу други материјали. Прстените се наменети да се носат во специјални прилики – кога сакате да се забавувате и да изгледате интересно, или пак едноставно кога сакате да внесете малку живост во вашиот живот. Овие необични прстени воопшто не се скапи, и можете да ги купите преку интернет.
Прстените може да ги комбинирате со обетки, магнети, копчиња направени во препознатливиот стил на Софија.
Погледнете уште некои од вкусните прстени на Софија.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.