Виножито од мравки
Замислете си колку би било чудно кога би можеле да погледнеме низ стомакот на луѓето и да видиме што тие јаделе денес за доручек?! Епа, за мравките тоа е секојдневие. Нивниот транспарентен стомак ни дозволува да видиме што консумирале, врз основа на бојата на храната.Индискиот фотограф и научник Мохамед Бабу капнал неколку шеќерни капки помешани со црвена, жолта, зелена и сина прехранбена боја во неговиот двор, за да ги намами мравките и потоа ги фотографирал додека јадат од нив.
.
„Некои од мравките дури се префрлаа од една на друга боја капка и притоа создаваа нови комбинации на бои во нивните тела“ – вели Бабу.
Инспирација за овој негов интересен научен експеримент и уметност е неговата сопруга, која му покажала како некои мравки станувале бели, откако ќе се напиеле истурено млеко од работната маса во кујната.
Бабу ги капнал капките на парафинска основа за да се задржи нивниот тркалезен облик откако мравките ќе се напијат од течноста. 53-годишниот научник вели дека мравките ја преферирале зелената и жолтата боја. Потемно сината и зелена капка не им се допаѓале, па сите мравки се насобирале само околу жолтата и светло зелената. Затоа Бабу капнал повеќе од жолтата и зелената течност, а помалку од сината и црвената, за да се насоберат мравки околу сите бои и да формираат виножито..
„И покрај тоа што можев да насоберам рој мравки во една минута, ми беа потребни повеќе обиди за да дојдам до фотографија која ќе ме задоволи. После неколку минути беше тешко да се справам со гужвата, па додека го држев апаратот со десната рака, со левата ги тргав вишокот мравки од кадарот.“
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.