Претходно
Весела урбана уметност
Сао Пауло е метропола како и секоја друга – со многу бетон и асфалт кои често се здодевни. Сакајќи барем малку да го променат тоа, двајца уметници родени во овој град, Андерсон Аугусто и Леонардо Делафуенте, го стартувале проектот 6emeia. Сивите урбани елементи, како канализациони одводи, хидранти, шахти, ги претвориле во весели уметнички дела кои веќе не остануваат незабележани од минувачите.Тие велат дека им пречи тоа што сивата боја доминира во градот, додека главната цел, а секако и крајниот резултат, им била да внесат боја и хумор во урбаната околина.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.