Уживајте во некои од најдобрите 3Д видео проекции направени досега
Доколку не сте запознаени со овој вид уметност, тој претставува проектирање видео снимки на површини на градби со цел да се создаде 3Д ефект. Ова е релативно нова гранка во уметноста којашто се прослави навистина брзо. Денес овие проекции се дел од речиси сите музички фестивали, лансирања на продукти и шоуа. Убавината на оваа уметност е во тоа што реалните предмети стануваат екран, а за тоа воопшто не е потребна рамна површина. Во продолжение погледнете некои од најдобрите проекции од овој вид.
1. Borderless од TeamLаb
Оваа креација претставува магичен „свет од соништата“ во Музејот за дигитална уметност од Токио и е создадена од група јапонски уметници. Идејата зад проекцијата е да се спојат разни концепти и сцени со цел да се создаде „свет без граници“. Инсталацијата оживува со помош на 520 компјутери и 570 проектори, на површина од 10.000 метри квадратни.
2. Terraform Table од Tellart
Оваа интерактивна светлинска инсталација е всушност кутија со песок која е трансформирана во топографска мапа со планини, долини и езера. Масата е програмирана да ја исчитува висината на песокот и да одговара на секоја промена. Овде инсталацијата станува интерактивна – ако на пример ископате дупка во песокот, тој ќе се претвори во езеро. Инспирацијата за проектот потекнала од прашањето: „Дали треба да ја оформиме Земјата и другите планети за човечка употреба?“
3. Bloom од 59 Productions
Овој проект бил дел од Интернационалниот фестивал во Единбург во 2017-та година, кога се прославувала неговата 70-та годишнина. Светлосното шоу го трансформира целиот плоштад во магична ноќна градина.
4. Splash Dunk од Klip Collective
Од компанијата Најк употребиле вода како површина за проектирање за нивната промоција.
5. Tron Amazes од QED Productions
И овде станува збор за промоција, но овој пат за филмот „Трон: Наследство“ (Tron: Legacy). Овде е прикажан научно фантастичен пејзаж кој е проектиран на три површини и создава опкружување што наликува на лавиринт.
6. Interconnection од Limelight
Овде Парламентот во Букурешт, Романија е претворен е „психотропна поврзаност на сите нешта“. Инспирацијата зад оваа волшебна авантура се модерна уметност и архитектура, светата геометрија, физиката и хемијата.
7. Box од Bot & Dolly и GMUNK
Овој проект е краток филм, и тоа прв од овој вид. Во инсталацијата се комбинира перформанс во живо со 3Д проектирање изведено од страна на роботи. Како што можете да забележите, направен е без специјални ефекти.
Продолжува на следната страница…