Урнебесни фотографии: Ослабела 68 кг и позирала со поранешната, покрупна верзија од себеси
Кога Бет Бијрд одлучила да ослабе 68 кг, таа со нејзиниот пријател, фотографот Блејк Мороу, дошле до една забавна идеја – да креираат фотосерија од типот „пред и потоа“ во која ќе ги поврзат старата и новата Бет. Резултатот е забавна фотосерија која е наречена „Проектот Бет“.
Нивната посветеност на проектот е импресивна и инспиративна. Фотографиите се направени само неколку недели пред нејзината гастрична бајпас операција. По зафатот, ѝ требале 2 години за да ја изгуби тежината. Штом ја постигнала целта, била подготвена да им се врати на старите фотографии и да стапи со поранешната верзија од себеси, секако благодарение на интервенции направени во Фотошоп.
Иако за реализација на овој проект била неопходна обработка во Фотошоп, Мороу тврди дека тој не го менувал нејзиното тело. Оставил губењето на тежината на Бет да зборува само за себе.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.